Мени

Нов албум на U2

02.02.2010 15:33 | KumanovoNews

Ирските рокери го снимија поголемиот дел од материјалот за новиот албум на кој најавуваат „повесел“ звук.

Нов албум на U2

Само една година по „No line on the horizon“ U2 планираат многу посебен албум.

 „Работиме на многу нови песми и уверени сме дека сега имаме нешто посебно и необично. Експериментираме со различни аранжмани и електроника но тоа се песни кои имаат многу традиционален звук и сеуште не знаеме што ќе испадне од тоа“ -  рече гитаристот Еџ.

Тој додаде дека поголемиот број на песни имаат среќни вибрации.

Фронтменот на групата, Боно неодамна сними нова песна, дует со Џеј- Зи, а парите од продажбата на овој сингл ги додели на жртвите од земјотрсот во Хаити.

Новиот албум ќе биде под „баксузниот број 13“ на студиското идание на бендот кој во кариерата има освоено 22  Греми награди.