Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новак Ѓоковиќ е на тридневна посета на планината Височица во градот Високо, Босна и Херцеговина.
Домаќин му е археологот Семир Османагиќ, кој со своите тврдења дека тука постојат древни пирамиди, го направи местото туристичка атракција. Но, многу познати научници ги негирале неговите тврдења, посочувајќи дека тоа е само обичен врв кој наликува на пирамида. Сепак, тој продолжува со промовирањето, и доведува голем број на познати личности кои најверојатно го делат истото мислење.
“Имам толку многу впечатоци... Ако постои рајот, тогаш тој е токму овде“ изјавил Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ посетата ја искористил за истражување на овој предел, но и за медитација со која наиде на многу негативни коментари и од своите поддржувачи но и од неутралните фановите на тенисот. Тие велат дека со неговиот начин на исхрана и медитирањето дава погрешна слика на најмладите.
(Фото. Фејсбук)
(Д.Д.)