Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Представникот од Србија за изборот на песна за Евровизија ќе пее песма од Горан Бреговиќ, објави РТС.
Представници на оваа медиумска куќа соопштија дека Бреговиќ ќе направи
три композиции за три автори, кои ќе ги одбере тој и РТС, а гледачите
со СМС на 27 фебруари ќе одлучат која од трите песми и изведувачи ќе ја
претставуваат Србија на Евросонг. На прашањето какви ќе бидат песмите Бреговиќ само рекол- весели.
Водачот на оркестрот за свадби и погреби веќе има искуство на Евросонг
од 2006 година, кога работеше на аранжманот за песмата на Северина
„Моја штикла“, која во Атина не постигна добри резултати. Дали оваа
година ќе имаат повеќе среќа обложувалниците ќе почнат да предвидуваат
од 7 фебруари.
Најдобрата песма на Европа 2010 ќе биде изберена на 29 мај во Норвешка.