Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Скоро и не постои човек кој нема желба да биде светски патник. Единственото нешто кое ги спречува или ограничува луѓето кои сакаат да ги истражуваат светските топ дестинации и различни култури се финансиите.
Освен невозможно високите цени за пристап до некои места, финансиски исцрпни се и трошоците кои настапуваат во моментот кога ќе пристигнете. Холандскиот сајт TravelBird истакнува дека плажата на островот Астола во Пакистанската провинција Балокистан е достапна само со помош на хеликоптер за време на монсуните, што ја прави цената за посета на плажата околу 480 долари, додека комбинираниот трошок за крема за сончање, вода, пиво, сладолед и ручек е 27 долари.
Каде се лоцирани најскапите плажи во светот? Слично како на островот Астола, таквите плажи се обично на тешко достапни места и освен трошоците за најнеопходните нешта за еден летен одмор, ќе ви биде потребен длабок џеб за да воопшто ги донесете неопходните нешта на следниве плажи.
5. Ансе Солеил, Сејшели
На оваа плажа, кремата за сончање ќе ве чини 27.08 долари и со тоа ќе ја имате најскапата крема за сончање продадена на било која плажа во светот, додека за пиво би дале 7.34 долари.
4. Ансе Жоржет, Сејшели
Просечен ден на оваа плажа ќе ве чини 54.25 долари и иако пивото е поевтино тука, ручекот ќе ве чини значително повеќе отколку на претходната плажа. Но, сепак сте на Сејшелите и тоа на вториот најголем остров, Праслин.
3. Ансе Вата, Нова Каледонија
Овде за просечно летно уживање на плажа ќе потрошите 56.11 долари. Француската територија (која е географски поблиску до Австралија отколку Франција) стекна популарност поради снимањето на американското шоу Survivor во градот Ванату. Но, кога туристите ќе дојдат во главниот град Ноумеа, првата дестинација секогаш е Ансе Вата, најголемата локална плажа. Тука ручекот ќе ве
чини 30 долари по лице, пивото повеќе од 7.50 долари, додека кремата за сончање е нешто поевтина – само 15 долари.
2. Марето Плаж Публик, Француска Полинезија
За еден ден на оваа плажа ќе биде потребно да одвоите 58.36 долари, од кои 21 долар ќе ве чини кремата за сончање, за вода ќе платите повеќе од 2 долари, пивото ќе ве чини околу 8 долари, а слатките задоволства како сладоледот 4 долари. Ручекот би го скратил вашиот буџет за 23 долари по лице, но оваа тропска дестинација навистина има што да понуди – карневали, безброј локални
занимливости и летни игри, како и светски реномираниот хотел Хилтон.
1. Ла плаж де Мауи, Француска Полинезија
Просечен ден на најскапата плажа на светот ќе ве чини 60.13 долари, но брзо ќе заборавите на тоа бидејќи ќе се наоѓате точно во тропскиот рај, Тахити! Со крема за сончање од 22 долари, 7.50 долари за пиво, сладолед од 4 долари и 25 долари за ручек, цените на оваа плажа не изгледаат ништо поразлични од цените на претходните плажи. Но, она што ќе го намали вашиот буџет (но ќе го зголеми бројот на незаборавни спомени), ќе бидат посетите на Роберт Ван музејот, каде што ќе научите нешто повеќе за бисерите, неповторливиот Маи-таи коктел со поглед на недопрената азурна широчина или можеби, спомен по ваш избор?