Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на секоја учебна година, родителите и наставниците се соочуваат со истата дилема и немоќ-како да се справат со оние "потемни" делови во сказните за деца, каде на пример бабата во "Јованче и Марика" го "гои" момчето, подготвувајќи го да стане "мрсен и вкусен залак".
Меѓутоа, дилемите на родителите се и поради фантастичноста на сказните, бидејќи сметаат дека на тој начин децата се одвлекуваат од реалноста.
* Пет пристапи на прашањата зошто е неопходно секое дете да чита сказни:
1. Фантастичноста во сказните не ги одделува децата од реалноста
Ниту едно дете по петата година од животот не ја гледа фантазијата како реалност, вели австрискиот психолог и психоаналитичар Бруно Бетелхајм, бидејќи тоа се сочува со реалноста и сосема е свесно дека кога мајката ќе го повика на вечера дека не е принцеза или принц. Овој психолог смета дека читањето на сказните е здраво и пожелно затоа што тоа за детето претставува негово внатрешно патување, развивање на имагинацијата и креативното мислење, а со самото завршување на сказната детето како "да излегува од хипноза" со што се чувствува сосема порелаксирано.
2. Сказните ги учат децата за тоа што е добро а што зло
Исто така, на оваа тема дава мислење и фолклористката Маја Бошковиќ која вели дека вжештените чизми со кои е казнета маќеата на Снежана во истоимената сказна, кај децата не предизвикува ужас, затоа што децата од ова извлекуваат морална поука. Децата преку сказните учат што е добро а што зло, а преку нив учат и како да се справат со стравовите. Во сказните не се надолго објаснува за душевните состојби, а сепак децата успеваат да ги проживеат чувствата на ликовитез а и да ја развијат емпатијата. Психолозите и психоаналитичарите сметаат дека бајките се вистински анти-стрес терапии и дека токму преку нив децата учат за ривалството помеѓу роднините, за односите помеѓу родителите, за светот кој ги очекува а не е идеален итн. На овој начин децата не се чуваат во стаклени ѕвоно и се учат дека мора да растат и да се соочуваат со светот во кој ќе живеат.
3. Безбедната литература го трга детето од реалноста
"Безбедноста литература" сервира само разубавени слики за стварноста, а таквата идеализација уште повеќе го фрустрира и хендикепира детето, кое се соочува со сериозните проблеми што ги наметнува детството, вели психологот Бетелхајм. Овој начин на прикажување на работите може кај детето да предизвика самото да не се сака во мигот кога ќе биде скржаво за некоја играчка или кога ќе биде хиперактивно. Детето почнува да гради лоша слика за себе и се чувствува како чудовиште во сопствените очи. Во угледното списание на американската академија на педијатри "Pediatrics", се обработува токму оваа тема во која преку експеримент е прикажано дека децата кои растат со сказни имаат побогата фантазија и помалку реагираат агресивно кога се изложени на агресија.
4. Во сказните децата се идентификуваат со јунакот
На овој начин децата не само што ја гледаат позитивната страна на тоа да се биде добар, туку и несвесно си поставуваат сериозни психолошки прашања, пример: на кого од ликовите јас личам и зошто е тоа така? како и јас да бидам како јунакот? зошто јунакот станал јунак, а другиот анти-јунак? итн.
5. Сказните се користат и како детска терапија
Детскиот психолог Герилда Ортнер, смета дека сказните се исклучително погодни за надминување на менталните бариери помеѓу децата и возрасните и дека помагаат низ игра и сказни децата да се занимаваат со своите проблеми и активно да работат на нивното однесување. Она што треба да направат родителите е да се информираат на која возраст кои сказни можат да им ги читаат на своите деца, а не да им ги одземат сказните на децата а со тоа и можноста за развивање на креативноста и фантазијата или соочување со злото на реалниот свет.