×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прославен роденденот на Тоше

    25.01.2010 10:23 | KumanovoNews

     Oколу 10 000 фанови и десетина музички ѕвезди од Балканот синоќа на концертот во Скопје го прославија 29-тиот роденден на Тоше Проевски. Преносот на концертот го вршеа повеќе балкански телевизии, а го следеа околу 25 милиони гледачи од целиот свет.



    Прославен роденденот на Тоше

     На концертот беше промовирана нова песна и спот од Тоше, снимени непосредно пред трагичното загинување. Прекрасната балада „Се уште сонувам дека сме заедно„(Још увјек сањам да смо заједно) ги стопли срцата на неговите обожаватели.

      Беа промовирани и композиции од Тоше кои ги исполнија неговите пријатели, Аки Рахимовски, Калиопи, Борис Новковиќ, Бојан Маровиќ, Јелена Томашевиќ, Оливер Мандиќ, Беби Дол, Тони Цетински, Елена Ристеска и сопственикот на телевизијата Пинк Жељко Митровиќ.

      Специјални гости на концертот беа внукот на Тоше, Кристијан со членови од музичката секција од неговото училиште кои ја изведоа инструменталната верзија на „Цреша“. За крај сите присутни ја испеаја култната „Тајно моја“. Беа прочитани и многу пораки од неговите обожаватели, соработници и пријатели кои пристигнаа од целот свет. Една од нив гласеше: „Тоше ти имаш само датум на раѓање„.