Шакира наскоро во Србија
09.02.2010 13:21
| KumanovoNews
Колумбиската поп пејачка Шакира наскоро ќе ја посети српската престолнина Белград. Сексипилната блондинка во Белград ќе настапи во мај евентуално во јуни, а од опциите за место каде ќе се одржи концертот се спомнуваат „Белградска арена“ и „Ушќе“.

Хонорарот на пејачката ќе изнесува 200.000 евра.
Шакира планот на својата светска турнеја ќе го објави на својот официјален сајт за дваесетина дена. Засега е неизвесно дали на списокот ќе се најдат Италија, Франција, Шпанија, Хтватска, Романија, Унгарија, Бугарија, а освен Европа, добитничката на наградата латино „Греми“ за 2006 ќе ја посети и Азија и Австралија.