×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржа Детскиот музички фестивал „Распеано симитче“

    22.12.2020 10:34 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура Крива Паланка се одржа шестото издание на Детскиот музички фестивал „Распеано симитче 2020“.

    Се одржа Детскиот музички фестивал „Распеано симитче“

    На фестивалот беа изведени 10 нови композиции, со модерен стил, создадени од локални и регионални автори, во прилог на афирмацијата на локалната музичка сцена и култура.

        Детските песни беа изведени од млади таленти од Крива Паланка и Куманово и тоа: Лана Велковска, Михаил Митовски, Ева Јакимовска, Сара Димитровска, Дарија Пешовска, Ева Стојановска, Милица Арсовска, Јана Трајковска, Драгана Давитковска, Глорија Груевска и Невена Стаменковска.

        По традиција, фестивалот и годинава имаше специјални гости, а овојпат тоа беа Ивана Манојловска и Вера Петкова, поранешни учеснички на „Распеано симитче“, кои пред 10 години настапија како солисти.

        Автори на композициите се Игор Трајковски, Снежана и Оливера Николовски, Гордан Спасовски, Рената Кралевска, Филип Додевски, Лариса Жулина Митовска и Билјана Петковска Антовска.

        Оранизатор на Детскиот музички фестивал е Центарот за аудиовизуелни уметности, покровител општина Крива Паланка, а поддржувачи Министерството за култура, НУ Центар за култура и Градски музеј Крива Паланка.

        - Овогодинешното издание на „Распеано симитче“ беше реализирано според здравствените протоколи и мерки. Беше обезбеден и онлајн пренос преку страницата на фестивалот, каде ќе биде поставено премиерното издание и детските композиции, истакна Методи Цветковски, извршен продуцент и директор на фестивалот.

        Музичката продукција на композициите е на Сашо Митковски и неговото студио „СМ“, како и на Игор Трајковски. Дизајнот го изработи Натали Велевска, фотографијата е на  Ѓорги Костовски, видео продукцијата на  Студио „Лесански“, видео презентација на Виктор Петровски и техничка поддршка Давид Георгиевски.

    (Ж.Ц.)