24.
12.
2009 12:48
Шер ја продава куќата на Хаваи

Американската глумица и пејачка Шер ќе ја понуди на продажба на 18 јануари, нејзината куќа на Хаваи со поглед на Пацифик.
Куќата на Шер има шест спални соби, и имот од 300 ари, а вреди помеѓу осум и 12 милиони долари.
На сајтот за некретнини се наведува дека на имотот покрај главната куќа има и пет бунгалови со вкупна површина од 819 квадратни метри.Таму се додава и дека Шер лично ја дизајнирала куќата која претставува спој на модерниот и префинет стил од Бали.
