Мени

Слобода Мичаловиќ роди близначки

29.01.2010 14:19 | KumanovoNews

 Познатата српска актерка Слобода Мичаловиќ (28) утринава донесе на свет две близначки. Популарната Анѓелка од серијата „Ранетиот орел“ и нејзиниот сопруг Воин Четковиќ(38) за првпат станаа родители.

Слобода Мичаловиќ роди близначки

 Девојчињата кои сеуште немаат имиња, родени се во една болница во Белград, а мајката и децата се чувствуваат добро.

  Оваа преубава актерка во почетокот на летото откри дека ќе стане мајка кога изненадно се повлече од еден нов проект и најави пауза во својата кариера.

  Слобода и Воин се венчаа во пролет 2008 година по шест годинишна врска.