Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Секоја жена треба да биде негувана - е првото правило кое ќе го слушнете во денешно време од козметичарите. За завршен чин на негување на секоја жена се смета дека е шминката, која всушност делува и психолошки.
Истражувањата покажуваат дека честопати жените знаат и да си ја зголемат самодовербата со нанесување на шминка, а тоа нужно да не мора да значи губење на допир со реалноста.
Зарем секој човек постојано не` наоѓа начини како да се почувствува посамоуверен?
Сепак, правилото кое мора да се запомни е дека најдобра шминка е онаа која не се забележува премногу.
Иако модните трендови постојано диктираат свои правила за шминка, препорачливо е секоја жена да си има свој стил на шминкање, со препознатливо усвојување, но и испробување на новитети.
За шминката од особена важност е да не изгледа разлеана и размачкана, особено околу очите и усните. Додека пак тоа е и честата причина поради која се избегнува шминката во летните периоди. Сепак, козметичката индустрија денес има огромен број на препарати и за сончевите денови, но тие се малку поскапи. Не треба да се заборава дека постојат мали трикови кои можат да помогнат за вашето лице да изгледа совршено нашминкано.
* Едноставни, но практични правила:
1. На исчистеното лице ставете лесен крем, чиј вишок ќе го остраните со палома;
2. Карминот ќе остане подолго време на вашите усни, ако и на нив ставите течна подлога;
3. Пред да ставите кармин, исцртајте ги усните со моливче;
4. Подлогата ќе остане подолго време на лицето, ако по него поминете со коцка мраз;
5. Не ставајте дебел слој на подлога, а и не избегнувајте го руменилото, затоа што ви го затскрива црвенилото на лицето;
6. Ситните бемки, капилари или мозолчиња, задолжително прекријте ги со коректор.