Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На сите коишто сакаат да готват им се случило да им загори храната. Еве неколку совети како да ги решите проблемите во кујната.
* Колку време треба да се пече месото
Должината на печењето на месото е зависна и од тоа за какво месо станува збор, но и за неговиот квалитет. Многу често се случува месото однадвор да изгледа печено, но всушност неговата внатрешност да е "жива", па затоа се препорачува да се врати во рерната. Но, претходно да се прекрие со фолија за да не дојде до препечување на неговата надворешност.
* Што да правите кога јадењето ќе ви загори
Доколку јадењето ви загори, тогаш препорачливо е веднаш да го ставите во друг сад и по пет минути да го прекриете со мокра крпа. Кога ќе се исуши крпата, повторно навлажнете ја и ставете ја на садот со јадењето. Доколку ова го направите, голема е можноста да го спасите вашето јадење. Или пак: доколку видите дека јадењето ви загорело, тогаш извадете го тенџерето или тавата од шпоретот и затворете ја, а врз неа оставете 15 минути да тече вода. Потоа месото извадете го и ставете го во другиот сад. Месото повеќе нема да има мирис на изгорено.
* Што да правите доколку рерната ви е прегреана
Доколку се плашите дека рерната ви е прегреана и дека доколку го ставите јадењето во неа ќе ви изгори, тогаш наполнете едно тенџере со ладна вода и ставете го во рерната. Оваа вода веднаш ќе ја апсорбира преголемата топлина.