×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Три козметички правила за природен изглед

    18.07.2020 10:45 | KumanovoNews

     Иако најголем дел од девојките трошат поголем дел од своите финансиски средства за козметички средства, тие честопати не се задоволни од својот изглед или пак изгледаат сосема неприродно. Истражувањата покажуваат дека мажите чувствуваат поголема доверба и сигурност со жени кои имаат поприроден изглед.

    Три козметички правила за природен изглед

    Три совети како да постигнете поприроден изглед на лицето:

    1. Природен изглед на лицето

    Најпрво на лицето нанесете светлоседефеста течна пудра која ќе ја размачката со нежни кружни движења на целото лице, а потоа ставете руж со циклама боја, но внимавајте да не претерате. Очните капаци можете да ги истакнете со нежна златна боја, а трепките со црна маскара.

    2. Нeутрална боја на усни

    Најтешко е да се постигне неутрална боја на усните, но истата можете да ја постигнете доколку правилно ја измешате пудрата којашто ја користите со сјајот или карминот за усни. Откако на усните ќе нанесете малку пудра тие ќе добијат блед изглед, кој може да го поплните со кафеав кармин.

    3. Избегнете го заобиколувањето на очите со темни нијанси

    Многу често денес за исцртување на очите се користи туш или пак некоја темна сенка, меѓутоа доколку сакате да дојдете до „помек“ изглед, тогаш треба да изберете кафеава или темно сива боја со која нема да правите остри линии. Во таков случај можете да додадете и посветол руж за лицето, па да изгледате поприродно.