Мени

Уште еден „ Самрак“

22.01.2010 13:34 | KumanovoNews

  Вампирите и вукодлаците дефинитивно се вратија на големото платно. Уште не е прикажан третиот дел на „Самрак“, а веќе е во тек подготовката за снимањето на четвртото продолжение.

Уште еден „ Самрак“

 Четвртиот дел на „Самрак“  под име "The Twilight Saga: Breaking Dawn" исто така ќе биде снимен според романите на американската авторка Стефани Мејер, а продуцент повторно ќе биде Вик Годфри.
Снимањето ќе започне по премиерата на третото продолжение  'Eclipse' во август, рече Годфри кој не сакаше да открие повеќе детали.
За сега е познато дека во новиот филм се зборува за раѓање на бебе кое е полувампир.
Американските медии наведуваат дека е можно оваа продолжение поради големината  да биде поделен на два дела. Во колку тоа се случи тогаш хари Потер има навистина голема конкуренција.