×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вашата спиечка положба и нејзинот здравствен ефект

    01.09.2021 20:08 | Сара Ѓорѓиоска

    Кога ќе земеме предвид дека солидна третина од нашиот живот ја минуваме спиејќи, не е чудно што положбата во која спиеме има големо влијание врз нашето целовкупно здравје и добросостојба. Квалитетниот и длабок сон е неопходна компонента за нормално функционирање на дневна база, но положбата во која спиеме влијае врз нашето здравје на долгорочни стази.

    Вашата спиечка положба и нејзинот здравствен ефект

    На грб

    Доколку спиете на грб – честитки, бидејќи според експертите, ова е најсоодветната положба за спиење за да немате негативни последици по вашето здравје. Спиењето на грб е добро за стабилноста на вашиот `рбет, како и за вашата кожа. Луѓето кои спијат на грб имаат помазно лице и помала веројатност од појава на брчки, за разлика од луѓето кои спијат на страна или на стомак. Единствената негативна страна од спиењето на грб е поизразеното `рчење.

    На страна

    Доколку спиете на левата или десната страна, дефинитивно не сте сами, бидејќи ова е најчестата положба за спиење ширум светот. Кога спиете на страна, ја зголемувате опасноста од болки во рацете или нозете, бидејќи им нанесувате
    константен притисок кој доаѓа само од еден правец. Спиењето на десната страна се поврзува со влошување на дигестивните проблеми и проблемите со желудочната киселина, но бенефитот од оваа положба е подобрената циркулација и намаленото `рчење.

    На стомак

    Подгответе се за лоши вести: оваа положба на спиење се смета за најлошата положба за вашето здравје. Спиејќи на стомакот, се изложувате на ризик да развиете болки во вратот и грбот, бидејќи главата ви е секогаш завртена на
    страна. Вашиот `рбет е постојано во незгодна позиција, што ве тера често да се вртите и да го прекинувате вашиот сон. Да не зборуваме за ефектите кои оваа положба ги има врз вашето лице, постојаниот притисок може да предизвика
    прерана појава на брчки. Но, не е се толку црно – барем нагоните за `рчење ќе се изгубат сосема!