Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тргнувањето во градинката за децата може да означува возбудлив почеток, но од друга страна поради тоа може да се чувствуваат анксиозно и уморно.
Вклучувањето на детето во едно поинакво социјално и едукативно опкружување за него значи создавање и на поголема одговорност, а и оддалечување од семејството кое му е сигурност и љубов.
Во периодот на адаптација, кај децата најчесто се забележуваат промени така што тие претстануваат да јадат, спијат повеќе од вообичаено или пак изгледаат помалку среќни од вообичаено.
Детето често е загрижено и поради потешкотиите кои го снаоѓаат при стекнувањето на пријателства, затоа што не знае како соодветно да реагира во одредена ситуација, што треба да прави или пак вознемиреноста ќе биде предизвикана поради одделувањето од неговото семејство.
Исто така, една од поголемите грижи на детето е и тоа што вие ќе правите дома во времето кога тоа ќе е во градинка, дали вие ќе правите нешто "специјално" од кое тоа ќе биде изоставено?
* Што треба да знаете пред вашето дете да тргне во градинка:
1. Посетете ја градинката пред да започне вашето дете да ја посетува за да му овозможите да се запознае со просторот, воспитувачките како и децата. Многу е поефикасно доколку детето знае во каква средина ќе го поминува поголемиот дел од денот, за да не биде исплашено од непознатата околина уште од самиот почеток и да развие чувство на неприпадност;
2. Зборувајте за градинката
Направете промена во комуникацијата кога станува збор за градинката, не му кажувајте на вашето дете дека со самото одење во градинка ќе има обврски, дека ќе треба да се организира навреме, за детето да не го чувствува одењето во градинка како обврска. Обидете се при посета на градинката да му покажете нешто специфично, некој цртеж или сл, па да го прашате дали сака истото да го направите и дома или пак воочете ги разликите од вашиот дом и градинката и укажете му зошто се тие разлики. Но, во ниту еден случај не прашувајте го дететоо зошто не сака да зборува за градинката, затоа што тоа кај него може да предизвика уште поголема анксиозност, оставете ја комуникацијата да тече сосема природно и непосредно;
3. Не заборавајте дека на детето треба и да му покажете одредена литература пред да тргне во градинка, пример сликовница, со која и ќе му го доближите она што ќе го учи во градинка и ќе му ја разбудувате љубопитноста.
* Совети како да се справите со грижите пред почетокот на градинката
1. Кажете му на вашето дете што ќе правите пред да го однесете во градинка, со што на истиот начин ќе му кажете дека нема да ги правите неговите омилени работи додоека тоа е отсутно од дома;
2. Разговарајте со него пред да започне да оди во градинка. Доколку е потребно послужете се и со некоја литература од библиотеките или пак од книжарниците, најчестата грешка која мајките ја прават е тоа што мислат дека е доволно доколу пет-шест пати му споменат на детето дека ќе оди во градинка, дека таку треба да ја слуша воспитувачката и сл.;
3. Доколку вашето дете е вознемирено поради одењето во градинка, разговарајте со воспитувачките за истиот проблем, тие како долгогодишни вработени во истата градинка би требало да имаат искуство и да ви кажат на кој начин ќе се справат со неговата вознемиреност;
4. Разговарајте со воспитувачките и за тоа што го вознемирува вашето дете додека е во градинка, па на истиот начин и ќе дознаете дали детето има потешкоптии при одење во ве-це, при воспоставување на социјални контакти со останатите деца и сл.;
5. Исто така доколку вашето дете има потешкотии со изведување на одредена активност, кажете го тоа на лицето кое се грижи за вашето дете за на почеток да му помага додека се прилагодува на средината, за кај детето да се намали чувството на несгурност, а воедно и да го избегне исмејувањето од останатите деца.