×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во МултиКулти се прослави Ноќ на вештерките

    01.11.2010 14:13 | KumanovoNews

     Покрај младите кумановци на прославата се маскираа и волонтерите Американците од Миривниот корпус кои престојуваат во градот.

    Во МултиКулти се прослави Ноќ на вештерките

     Во невладината организациа МултиКулти во Куманово, членовите вчера го прославија празникот Ноќ на вештерките. Покрај младите кумановци на прославата се маскираа и волонтерите Американците од Миривниот корпус кои престојуваат во градот.

    Бевме маскирани во најразлични маски,најмногу имаше вештерки, но имавме и тиква која специјално ја обликувавме за оваа намена. Младите се забавуваа во просториите на МултиКулти,а гостите од Америка ни го раскажаа значењето на празникот.Забавата продолзи во едно кафуле, каде им се придружија и други млади луѓе од сите етнички заедници. Од година во година овој празник добива на значење и се повеќе млади се ослободуваат и не се срамат да се препуштаат во другото јас, носејќи ги маските со кои комплетно излгуваат од реалноста - вели Андријана Колевска од МултиКулти.

    Членовите од оваа невладина организација имаат многу оргинални идеи за развојот на мултикултурниот живот на младите во градот. За празникот Рамазан Бајрам организираа Баклавијада која побуди голем интерес и подршка од сите млади во градот.