×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во ова време браковите полни со љубов, компромис и разбирање ќе процветаат

    24.03.2020 11:19 | KumanovoNews

    „Но јас постојам само кога сум со другите,  сам сум ништо, “- Карл Јасперс.

    Во ова време браковите полни со љубов, компромис и разбирање ќе процветаат

    Откако низ светот се распострани вирусот КОВИД-19, а Светската здравствена организација прогласи пандемија, голем дел од државите донесоа одлука за  ограничeно движење на луѓето,  карантин или самоизолација. Оваа состојба ги собра сите луѓе во нивните домови, а одеднаш наместо собирањето на едно место да предизвика комодитет, домовите станаа тесни за многу семејства.

    Членовите на семејствата почнаа да се соочуваат со „меѓугранични ситуации“, како што ги нарекува Јасперс, а тоа се смрт, страдање, секојдневно нужно соочување со сите, како и чуство на вина. Процентот на разводите, во нашата држава, по завршвањето на критичната состојба со вирусот, се зголеми, велат кинеските психолози. Одеднаш, секојдневното рутинско функционирање стана невозможно. Одеднаш, како што некогаш Карл Јасперс, рекол за своето време по Првата светска војна, животот веќе не беше идеален, а психологијата и философијата станаа нужни за животот. Токму тоа е времето кога тој одлучува дека ќе се сврти кон изучувње на оваа наука за да се спаси себеси и останатите околу него.

    Еден од начините (па можеби и единствен) за соочување со ситуацијата е токму она што овој филозоф го препорачува, а тоа е соочувањето со самите себе, кое всушност може да доведе до внатрешна преобразба. Токму овие преобразби се она коешто се случува со денови кај луѓето, а тие преобразби водат до потреба за комуникација. Но што ако се најдеме во состојба кога единствените луѓе со коии би можеле да комуницираме се нашите најблиски од кои имаме најмногу тајни?

    Она што во овие моменти, треба да проработи кај луѓето, освен емпатијата, е и некогашното чувство за дом. Не постои човек кој на овој свет не сака дом. Иако психолошката ситуација во којашто луѓето сега се наоѓаат не е лесна, сепак таа во својата суштина дава можност за повторнно соединување на семејството кое е неопходна нишка за создавање на здрава психофизичка личност.

    Во овие моменти психолозите советуваат, да се внимава на разговорите во семејствата бидејќи децата се како „дежурни полицајци“ кои слушаат сѐ. Како што вели Јаспрес, седењето дома не значи пасивност, затоа што човекот е постојано активен во своите мисли, затоа искористете ги нив и наместо да создадете „урнатини“ од вашиот дом, обновете го вашиот дом. Разговарајте за вашите стравови, не дозволувајте поради тесниот простор да ви стане тесно и во душата, затоа што ова е време кога браковите коишто ќе се градат на меѓусебен компромис, љубов и  разбирање ќе процветаат. Таа отвореност којашто ќе се случи, ќе стане погодна почва за нов живот.