×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хронични болки кои се поврзуваат со одредена емоционална состојба

    07.09.2021 06:29 | Сара Ѓорѓиоска

    Ако страдате од некои хронични болки, освен редовниот лекарски преглед и стручна помош, воопшто не е на одмет да знаете дека постои веројатност вашите болки да да потекнуваат од некоја вообичаена и чесна емоционална состојба. Доколку вашата
    емоционална болка е остра, силна и краткотрајна, тогаш е голема веројатноста да се чувствувате “пецнати“ од нервните синапси, кои пренесуваат чувствени импулси до мозокот и истата да ја помешате со физичка болка, а оттаму и здравствена тегоба.

    Др. Сусан Бабел, специјализиран психолог за PTSD (Post-traumatic Stress Disorder), во „Psychology Today“ пишува: „Истражувањата покажуваат дека хроничните болки се тесно поврзани со стрес и емоционални проблеми. Физичката болка служи како предупредување од вашето тело дека нешто се уште не е во ред со емоционалната состојба на субјектот.“

     

    Хронични болки кои се поврзуваат со одредена емоционална состојба

    Различни видови на емоционални тегоби се манифестираат на различно рамниште во однос на физичкото тело, но како да го поврзете емоционалниот стрес со физичката сензација?

     Болки во горниот дел на грбот

    Доколку чувствувате остри и неконзистентни болки во горниот дел на грбот, постои можност да не се чувствувате доволно ценети или да не добивате поддршка кога ви е потребна и ја очекувате. Разочарувањето предизвикано од неможноста психички да се потпрете на луѓето околу вас, може да се манифестира како болки во горниот дел на грбот. Разгледајте ги вашите врски со луѓето околу вас и проверете дали ја добивате поддршката која ви е потребна од луѓето кои ги сметате за важни.

    Болки во долниот дел на грбот

    Доколку сте забележале кратки, но остри болки во долниот дел на грбот, можно е потсвесно да сте под огромен стрес предизвикан од финанската состојба. Истражете како да ја подобрите својата економска ситуација, направете стабилен и издржлив финансиски план за месечниот, па дури и неделниот буџет, консултирајте се со вашиот сметководител или разгледајте ги опциите во најблиското Биро за вработување.

     Болки во рамењата

    Изреката “како тежината на светот да ја носам на рамења“ може да се оправда со краток психолошки инсајд во проблемот. Болки во рамењата можат да бидат знак дека сте под огромен притисок, седите на повеќе столици или едноставно не можете да постигнете се што сте ветиле. Помогнете си самите себеси и ослободете си простор за одмор, филтрирајте ги и контролирајте ги тензиите кои се неизбежни, распоредувајте ги обврските навремено и извршувајте ги постапно и темелно, за да не се навраќате и фрустрирате.

    Болки во рацете

    Болките во рацете во поголем број од случаите се сериозен знак за посетување на лекар поради можноста од артритис, но во помал број случаи можат да бидат манифестација на емоционалната празнина предизвикана од недостатокот од квалитетни човечки врски. Направете напор да го активирате својот круг на пријатели, пронајдете начин да запознавате нови луѓе и активно обновувајте ги старите пријателства. Физичкиот контакт и размената на информации се неопходни за нормален човечки развој.

    Болки во колковите 

    Огромен број на нервни завршетоци се наоѓаат на колковите (од таму и таа чувствителност на промената на времето кај метеоропатите), па затоа е доста возможно болките во колковите да се појават како реакција од донесување на некоја стресна одлука, односно пост-стрес реакција на состојбата кога, народски речено, “не знаеме кој пат да го фатиме“. Најпрвин е важно да разликувате кои одлуки ќе влијаат долгорочно на квалитетот на вашиот живот, а кои ќе влијаат краткорочно, а потоа е важно да си помогнете себеси во процесот на донесување одлука, така што ќе направите листа со “за“ и “против“ колумни, ќе консултирате доверлив пријател и најнакрај – ќе си верувате себеси дека сте ја донеле вистинската одлука за вас, со сите екстерни и интерни околности земени предвид.

     Болки во колената

    Имајќи сличен состав како колковите, болките во колената, покрај сеприсутната и реална можност од артритис, можат да претставуваат и лоша реакција на притисокот од околината и нереалната сопствена перцепција за себе. Доколку имате висока самодоверба и си давате високи цели, кои некогаш се недостижни и е невозможно да се остварат, можно е психолошкиот притисок кој си го создавате во таквите моменти да “удри“ директно на колената. Внимавајте самодовербата да не стане самобендисаност, бидејќи игнорантскиот однос кон другите и (нереалното и неосновано) превисоко мислење за себе
    оставаат потсвесен стремеж кај луѓето да се оствари замислата да се биде толку продуктивен и успешен, колку што егото мисли дека е. Имајте на ум дека никој не е совршен и не си го уништувајте здравјето да им се докажете на другите. Апсолутно
    давајте го својот максимум и стремете се кон најдоброто, но никогаш не заборавајте и да оставете време за себе и во трката да се победи нереалната конкуренција, не заборавајте дека токму сега сте најдобра верзија од себеси.

    Болки во нозете

    Дали сте знаеле дека болките во нозете се поврзуваат со депресија? На годишната средба на Американското Ортопедско здружение во 2013 било констатирано дека од контролна група со 45 луѓе кои имале хронични болки во нозете и група со 45 здрави луѓе, првата група на луѓе со проблем со нозете имале значително поголеми индикатори на невроза, анксиозност и депресија. Иако овие чувства и дијагнози воопшто не се лесни и бараат максимално внимание и посветеност, доколку чувствувате притисок во нозете обидете се да се релаксирате со масажа, прошетки во природа, одвојте време за “средување“ на
    мислите или посетете специјалист, кој ќе ви помогне со потенцијалните мачни прашања и дилеми. Болките во колената можат да бидат знак за огромни потиснати стрес-фактори, кои од потсвеста бараат начин да бидат разрешени и би предизвикале огромен проблем ако не се третираат на време.

    Факт е дека емоционалните сензации се комплексни карактеристики на човечкиот род и нивната интензивност никогаш не треба да се занемари. Нашето тело е биолошка машина, чиј хардвер и софтвер работат симултано, така што јасно е дека исто како што физичките повреди предизвикуваат емоционална болка, на истиот начин и повредите на психата резултираат со физички манифестации. Никогаш не е на одмет да се погледне подлабоко во она што не` прави луѓе – чувственоста и да не се занемари нејзината огромна улога во живеењето на среќен, продуктивен и исполнет живот.