×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зошто вежбањето некогаш предизвикува качување на килограмите?

    28.08.2021 06:27 | Сара Ѓорѓиоска

    Ако некогаш сте започнале диета и фитнес режим со детски ентузијазам, само за да во континуитет сте разочарани од цртката на вагата која се покачува, сигурно сте се запрашале зошто вежбањето ги качува килограмите, наместо да ги намали.

    Зошто вежбањето некогаш предизвикува качување на килограмите?

    Одговорот е комплексен, според експертите за физичка активност. Секое качување на килограмите по вежбање е резултат на повеќе комбинирани фактори, но ништо од тоа не значи дека треба да се откажете од вежбањето.

     „Луѓето мора да сфатат дека вежбањето е добро за нив, дури и кога килограмите се качуваат“, вели Корин Каилауд, професор по фискултура во Сиднеј Универзитетот во Австралија. 

    Корин додава дека иако вежбањето игра клучна улога во контролирањето на телесната тежина, другата страна од истата парчика е правилната исхрана. Тоа значи дека ако забележите зголемување на телесната тежина, не би било лошо да го ревидирате квалитетот и квантитетот на храната која ја внесувате. Можеби мислите дека ако сте вежбале денес можете да јадете малку повеќе, и иако нема ништо лошо во повременото опуштање, вежбањето не може да го балансира ефектот кој брзата и нездрава храна ќе го има врз изгледот на вашето тело.

    Доколку претпоставиме дека исхраната не е проблемот, постојат неколку други биолошки објаснувања за качувањето килограми по вежбање. Доколку од старт започнувате со исцрпни фитнес режими, напорот на вашите мускули е поголем од обично. Микро кинењата на мускулните влакна (кои се потребни за мускулната маса да расте и кои ја предизвикуваат онаа сензација на тапа болка во денот по напорното вежбање), можат да забрзаат воспалителен процес во телото, што во основа значи отоци. Отекувањето предизвикува ретензија, односно задржување на вода во телото, според Кливленд Клиник, што на вагата резултира со покачена телесна маса.

    Друго објаснување за зголемената телесна тежина по вежбање е очигледното зголемување на мускулната маса, која исто така се брои во покажаните килограми на вагата. Но, фитнес ентузијастите се свесни за таквата појава, како и за фактот дека ова не се случува преку ноќ или од една фитнес сесија, туку е потребно многу време и вложен труд.

    Уште еден потенцијален одговор на прашањето зошто килограмите се качуваат при физичка активност се темели на количината на крв во вашето тело.

    Кога правите аеробни вежби, во одреден момент се покачува нивото на крв, односно аеробниот капацитет, вели Корин. Аеробниот капацитет е мерка за  максималното количество кислород кое вашето тело може да го согори при
    вежбање.

    Ниту еден од овие можни одговори како промени во исхраната, воспаление, покачена мускулна маса или зголемен аеробен капцитет, не е значаен сам по себе, потенцира Корин, но кога ќе се соединат можат да објаснат многу нешта.

    Најважно е луѓето да не се обесхрабруваат и да се откажат од вежбањето само поради некој килограм плус на вагата. Сето тоа е нормален одговор на вашето тело, кое се обидува да се адаптира на новиот начин на функционирање и вашите напори ќе бидат наградени евентуално. Подобрувањето на вашата здравствена состојба и физичка издржливост секогаш ќе биде поприоритетно од фиктивните бројки на вагата, така што балансирајте помеѓу здравата исхрана и редовното вежбање и не се откажувајте лесно.