×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кога се пренесува партиски став, тоа мора јасно да се посочи

    26.06.2020 20:32 | KumanovoNews

    Пишува Мирослава Бурнс

    Текстот што го рецензираме со наслов ,,СДСМ е вирусот кој треба Македонија да го победи”, иако е сместен во рубриката вести, демонстрира  прекршување на членот 14 од Кодексот на новинарите.

    Кога се пренесува партиски став, тоа мора јасно да се посочи

    Проблемот со презентираната информација, е тоа што партиско соопштение е претставено без атрибуција, без наведување на извор, без елементарна редактура и оградување од политичкиот субјект што ги изнесува ставовите. На ваков начин, новинарот го сообразил жанрот вест, со партиското соопштение, доведувајќи го читателот во можна заблуда и учествувајќи во пропаганда односно навивање. Членот 14 од Кодексот на новинарите ова го забранува
    14.Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

    Насловот исто така, пласира отворено навивачка теза, од која не е обезбедена професионална дистанца. Со едноставни зборови, не е наведено кој го дава тврдењето изнесено во насловот.  И згора на се, текстот завршува со изборниот слоган на партијата. Со пребарување на овој сајт, пронајдовме барем уште еден комплетно ист пример и начин на кој е пренесен партиски пиар во информативен жанр.

    Особено во предизборниот период, кога одреден дел од гласачкото тело е неопределено, секоја информација, која не е претставена до крај прецизно, односно кога не се дава до крај образложение кој го дава тврдењето, може да влијае врз изборот на гласачите. Ставовите што некоја политичка партија ги изнесува, мора и во насловот и во целиот текст да бидат јасно атрибуирани на таа партија, во случајов ВМРО ДПМНЕ, за гласачот, односно читателот да донесе информирана одлука за тоа како ќе ги прими тие ставови.