Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Интервју со Кате Јовановска-Симакоска, поетеса.
Со години Кате Јовановска-Симакоска е активна во локалното Друштво на писатели и ја користи секоја можност да го промовира она што твори. Нејзина пасија е поезијата. Зад себе ја има збирката “Тајна“. Сепак е разочарана од односот на надлежните институции и смета дека уметниците не се доволно вреднувани во нашава средина.
Во каква состојба се македонските поети и писатели? Треба ли институциите да ги мотивираат авторите?
Генерално гледано состојбата е хаотична. Оние автори кои се талентирани не можат да дојдат до израз. Вистинските вредности се сменети, а повеќе им се посветува внимание на поетите од постарата генерација. Уметникот сам без потпора од никого многу тешко може да се снајде. Поет кој не е афирмиран, никој не го забележува. Институциите треба да ги стимулираат младите и така тие ќе стекнат самодоверба.
Имаш ли во подготовка нова книга или можеби ќе настапуваш на некоја поетска манифестација?
Го сменив стилот на изразување и имам идеја за мојот следен поетски проект. Целокупното внимание го фокусирамна лирска (љубовна) поезија. Мојата следна збирка ќе има најубав наслов “Клара“. Се разбира подготвуваме регионална соработка со поети од Србија, а ќе има и поетски читања во Друштвото на писатели.
Каде наоѓаш инспирација и има ли нешто автобиографско во твојата поезија?
Дефинитивно да, има несопирлива поетска инспирација. Пишувам ноќе, кога е мирно. Инспирацијата ја добивам од многу непланирани, спонтани состојби, додека слушам класична музика на пример од мојот омилен инструмент харфа. Харфата ми е непресушна инспирација. Кога ја опсервирам личноста на Мари Антоанет, можам да кажам индиректно ја застапив во моето творештво. Исто така ме инспирираат различните видови љубов, вистинската љубов, носталгичната љубов кон блиските луѓе.
Си била на многу поетски средби во и надвор од земјава. Колку помага таа размена на искуства?
Да, така е. На сите тие средби учиш нешто ново од некој и остануваат трајни спомени. Најубава презентација за еден поет е творештвото во пишам медиум, или на интернет да се појави, кој ни е достапен секаде и во секое време. Сите тие контакти ми помогнаа да биде мојата поезија преведена на српски, бугарски, хрватски, босански јазик. Моите песни ги има на многу интернационални книжевни сајтови за белетристика, што во Македонија не е случај.
Што читаш, каков тип на литература?
Ме интересира антика, митологија, бајки со поучен крај и романтичари. Кој не го прочитал Виктор Иго, нека го прочита романот “Клетници“.
Има ли доволно поетски манифестации?
Секојдневно се случуваат промоции. Мое гледиште е дека ниеден жанр не е запоставен. Не знам колку луѓето имаат интерес за белетристика. Треба да се направи конкурс за млади поети како италијанскиот Габрила Валера. Интернетот нуди безгранични можности.