×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Аман веќе со тој базен!

    Бране Петрушевски

    Полека, но сигурно доаѓа зимата, а со неа и препознатливата секојдневница, проследена со студено време... Земајќи ги вo обзир моите години (31), си почнувам  посеризно да си размислувам за зачувување и одржување на своето здравје, нешто за што би требало да размислува секој човек и си велам, време е малку повеќе и поредовно да спортувам. Размислувајќи за можноста за спортување во зимски период, неодминливо мислата ми се задржа кон покриен пливачки базен.

        И така, продолжувајќи со размислување, се сетив дека изградба на базен во Куманово започна на 10.11.2011, со свеченост пропратена со сите прилики и неприлики; дури лопата фрли и тогашниот лидер на опозицијата, за што уште тогаш се пошегував – „ете ти малер, овј базен никад нема да се изгради“. Шегата на страна, пред се како кумановец, но и како политички активен граѓанин, уште на Локалните избори 2009, од позиција на кандидат за член на Совет на општина Куманово, промовирав ваков проект, како дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за тие избори. Од овие причини, ревносно го следам прогресот во реализацијата на овој проект и го исчекувам неговото пуштање во употреба, без разлика што неговата реализација е во рацете на друга политичка гранитура. Но сепак, никако да го дочекам тој ден! На веќе спомената свеченост по повод отпочнување на изградбата на базенот, од страна на локалните ни власти беше најавено декаБазенот ќе биде со површина од 4000 метри квадратни, ќе чини 2.2 милиони евра, а треба да се изгради за 18 месеци.. Што би значело дека од август 2013 година наваму требаше да имаме можност за рекреација и спортување во затворен пливачки базен, нели?

        Во политиката сметам дека најбитна е довербата помеѓу политичарот и граѓаните, односно она што ќе се вети да се исполни. Само така се модернизира и се развива општеството, а се друго е краткотрајна манипулација, лага и измама, која не произведува развој, туку стагнација или уназадување... Само со исполнети ветувања се станува успешен политичар, а се друго се само манипуланти, лажговци и измамници што политиката ја користат за остварување личен интерес. Разликата помеѓу успешните политичари  и овие вториве би требало да е јасна кај секој граѓанин, а паролата „сите се исти“ им оди само во прилог на оние вторите... Но да не бидам толку строг, сепак довербата е двонасочна, па и граѓаните треба да имаат трпение при задоцнета реализација на некој проект, во случај доцнењето да е оправдано, но по исклучок, а не по правило.

        Па така, продолжувајќи да барам информации во врска со изградбата на базенот, на овој медиум го наоѓам следниов текст, од 30.03.2013, со наслов „Дамјановски: Куманово ќе се гордее со затворениот базен“, во кој „тримандатниот“ градоначалник гордо изјавува: „Овој проект започна пред една година, и сами гледате дека се наоѓа во завршна фаза. Треба да се заврши до лето, и на есен да биде пуштен во употреба.“ Прво на 30.03.2013 не започнал пред една година, туку пред една година, 4 месеци и 20 дена, а второ, повторно согласно ветувањето на градоначалникот, од есен 2013 наваму требаше да рекреираме и спортуваме во затворен пливачки базен, нели?

        Продолжувам понатаму, го пребарувам овој ценет медиум и доаѓам до тескт од 11.12.2013, со наслов „Во 2014 ќе се заврши затворениот базен?“, во кој од општината изјавуваат: „Изградбата на градскиот базен е завршена 35 отсто, а планирано е градбата да се заврши наредната година“. Читам и не верувам. Пред 7-8 месеци градоначалникот изјавил дека објектот е во завршна фаза, а во оваа изјава само 35%? Па нели требаше да биде завршен? Еве полека изминува и 2014-тата година, но од можноста за рекреација и спортување во затворен пливачки базен нема ништо... Аман веќе со тој базен! Ако сте го ветиле, направете го! Револтиран што некој ме манипулира и лаже престанав да барам повеќе информации за тоа кога овој проект ќе биде завршен.

        После овие наведени факти, пред кои и „боговите молчат“, барав да пронајдам некакви објективни и реални оправдувања за не реализирањето на овој проект, ветен пред повеќе од 3 години. Единствено оправдување кое доаѓа од општината, како „клише“ за сето она што не е направено изминатите години е лошата финансика состојба на општината. Па се запрашал ли некој во општината, пред да даваат вакви „клише“ изјави, кој раководи со општината последниве 24 години, кој ја довел општината во ваква лоша финансиска состојба. Или во недостаток на објективни оправдувања се „тресат“ вакви изјави потценувајќи ја интелегенцијата на кумановци. Аман веќе и со таа лоша финансиска состојба!

        Разочаран од динамиката со која се реализира овој проект, за кој секоја година од 2012 па до денес, од Буџетот на општината се пренаменуваат финансиски средства кратејќи средства за други намени (што значи дека пари за овој проект има на сметка на другите потреби), решив својата намера за рекреација во овој зимски период да ја вршам во некоја од училишните спортски сали во општината. Таму пак слободен термин нема, сите термини ги држат луѓе од општината, или пак луѓе блиски до локалната ни власт. Аман веќе и од оваа локална власт!

    Бране Петрушевски член на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ-Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*