×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да „брмчевте“ 1% изминатите 11 години колку што „брмчите“ последниве неколку месеци, до сега ќе бевме на Марс!

    Виктор Божиновски

    Овој наслов не е моја "измишљотина" туку позајмен статус од Фејсбук од една моја драга пријателка, една реченица која во суштина ја погодува ситуацијата во Македонија пред и после формирањето на новата Влада. Имено, навистина, во изминатите неколку месеци има толку многу, најблаго речено, чудни појави во општеството што секако заслужуваат да се изанализираат, како од едната, така и од другата страна.

    Постојат всушност, неколку феномени кои се забележливи во изминатиот период. Прво, однесувањето на првите јуришници на ДПМНЕ кои 11 години секојдневно не малтретираа, буквално ментално се изживуваа со сите нас, што преку нивните полтронски телевизии и портали, што преку социјалните мрежи што нормален човек кој многу не е упатен во политика, слушајки ги нив, можеше да помисли дека живее во некоја друга држава а не во Македонија. Дечките (и девојките) ги снема! Ама буквално ги снема! Од нив веќе ни колумна можеш да прочиташ, ни статус на Фесбук, а и она малку што ќе го напишат или кажат е толку бледо, неубедливо што не можам луѓето да ги препознаам. На нивно место дојдоа некои "нови фаци" кои што се уште подосадни но и бескрајно побледи, без никаква суштина во она што го кажуваат дури и кога имаат реално добра подлога за сериозна критика тие бессмислено "тролаат" и гушат што едноставно стануваат неподносливи. Па после некои ќе се прашуваат зошто Македонија била на 67-мо место од 70 држави по степенот на развој на образованието... па токму затоа што вакви типчиња кои завршија високо образование во оние згради кои ги нарекуваат факултети а кои изникнаа на секоја нива во изминатите 11 години. И тоа ние е, кој може нека издржи.

    Втор сериозен феномен се луѓето кои од т.н. невладин сектор или претставници на граѓанското општество влегоа во било кое ниво на власта со новите промени, кои како пратеници, кои како советници во Влада или во некое министерство. Се разбира, нема никаква замерка за обидот да се направи валоризација на сите активности од пленуми, револуции и останати феномени кои всушност беа и еден од најважните фактори во смената на онаа крвнична ненародна власт, ама нејасно ми е како можат да молчат па дури и јавно подржуваат некои потези на државата, кои реално се спротивни на се она за што се залагаа овие момци и девојки во минатото. Но како што реков, тоа и не е најстрашно зашто секој има право на свои амбиции и нормално, за секој потег порано или подоцна ќе си сноси пред се морална одговорност пред "друштвото" во кое претходно се наоѓал.

    Наинтересни ми се сепак, токму оние за кои се однесува и овој наслов, луѓето кои изминатите 11 години никаде ги немаше, кои кога зборуваа всушност шепотеа, оние што денес човек не може да ги симне од Фејсбук, кои додека ДПМНЕ беше на власт обично објавуваа исклучиво симпатични спотчиња од хит-песмички или евентуално рецепти за торти, а денес не им чини апсолутно никој. Ај што не им чини Грујо и компанија, бидејки сега тоа е сосема нормално, абе не им чини апсолутно ништо што прави новата Влада! Не им чинат кадровските решенија, голем им бил буџетот, имало многу ПР-ци у Влада, не има чини здравство и образование, некој отишол у Аргентина со бизнис класа, вице-премиерот си правел бизнис, за тиранска платформа и Бугарија ич муабет и да не правам. Она што е значајно пак е дека сите овие самите себе се дефинираат како "разбудена совест" која 11 години била у зимски сон и сега еве, "дошол живот во Македонија" и мислат дека им е дозволено да фрлаат дрва и камења по се што се работи во државата. Абе видете, да, технички сте во право, можете вие колку сакате да плукате, ама моралната основа ви е тенка. За да можеш денес да зборуваш истото си требал да го правиш и во изминатите години кога хараа преторијанците на Грујо, Сашо и компанија. Сепак попаметно е, наместо да изигравате напуштени швалерки и да плачете за све и свашта, земете дајте некој предлог, кажете како да се реши некој проблем, престанете само да критикувате без да кажете како нешто да се направи подобро. Мене ми е јасно дека ваквото однесување е последица на разочараност што некој не добил некоја функција, ама штом не умеете ништо да предложите, веројатно дека не сте ја ни заслужиле. Имено, не се прашувајте што Македонија може да стори за вас, прашајте се што можете вие да сторите за Македонија!

    Виктор Божиновски Виктор Божиновски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*