×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ем разбирање, ем етикетирање - не оди!

    Војче Крстевски

    Да бидам искрен, претпоставував, а се гледа дека и не погрешив дека по објавувањето на текстот под наслов „Сезонец и магистер“ во колумната Агломер, дека со реагирање ќе се јави токму Зоран Петрушевски, со оглед на тоа дека како социолог, полемиката и познавањето на проблемите во општеството се негов фах.

    За полемика сум и јас, иако морам да признам дека не сум многу надарен за тоа, но не сум за дисквалификации, инсинуации, етикетирања, па дури и злонамерност. А, во ова реагирање има од се по нешто. Впрочем, демократско право е секој да реагира на свој начин на нешто што не му се допаѓа. Авторот на реагирањето под наслов „Ангажирано новинарство“ има намера како што вели „да се разберемо како људи“, но тоа да биде како што тоа тој го сваќа кога е во прашање односот на медиумите  и политичките партии кон јавноста. Се сложувам со констатацијата дека имаат огромна  задача и одговорност. Но да се вратам на „темата“ и да одговорам на прозивките на почитуваниот автор и пријател (барем јас така мислам) Зоран Петрушевски:

    1. Кога веќе милувате да употребувате наводници сте требале и на терминот истакат новинар (што не значи и безгрешен) да ставите наводници. Со тоа сликата што ја создавата за мене би била комплетна. Вака личи на-дволичност.

    2. Прозивката на ГРОМ, за која како партија имам мошне позитивно мислење кога е во прашање хуманоста покажана и на дело во предновогодишните празници, и за што со задоволство лично известував, се должи токму на хуманоста и на граѓанската опција-да најде начин и форма да се солидаризира со работниците, без оглед што и вие и јас знаеме дека партиите немаат игеренции директно да се мешаат во работата на фирмите. Значи, прозивката има универзална димензија-хуманост, а не тенденциозност.

    3. Мајтепењето и сарказмот, како што тврдите господине Петрушевски и тоа на личен план, ниту е ниту ќе биде мој стил на комуницирање со јавноста. Дилемата зошто се спомнати вашите имиња беше изнесена на прес-конференција на вашата партија.

    4. Мајтапењето за кое ме обвинувате дека вашиот член поминал подобро од општиоте работници се однесува само на тоа што тој не бил и физички малтретиран.

    5. Она од што најмногу ме разочаравте господине Петрушевски е вашето тврдење, а не претпоставка е мојата „отворена поддршка и оправдување на партиската дискриминација и партискиот реваншизам“. Читам и не можам да верувам-каде во мојот текст ја најдовте оваа формулација-само вие знаете!

    6. Се обидувате по малку и злонамерно да ме вовлечете во партиските препукувања во градот.

    7. Господине Петрушевски, веќе ви е исполнета желбата да ме снајде тоа што за жал го снајде вашиот сопартиец. Во својот работен век благодарение на владата на СДСМ и тогашниот Закон за медиуми со кој локалните електронски медиуми, меѓу кои и ТВ Куманово мораа да се трансформираат-останав на улица од што спечлалив два чира и два стента. Без сожалување-уште сум жив.

    8. Господине Петрушевски, вие ми посакувате тоа што го напишавте, а јас вам и на вашата партија-ГРОМ, ви посакувам веќе на наредните локални избори во Куманово, да победите:градоначалник да биде ваш кандидат, а во Советот на општината да имате мнозинство. Само да видам - по што ќе се разликувате во практикувањето на власта од другите партии.

    И сосема на крај, господине Петрушевски, ви посакувам се најубаво во новата 2014 година, па макар тоа било и на моја штета.

    Војче Крстевски

    Војче Крстевски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*