Почитувани читатели, повеќето американски научници во последниве години открија дека емоциите, а не умствениот количник се вистинската мерка на интелегенцијата.
Во таа насока јас како истражувач во потполност ќе се согласам со научникот Голмен Д., кој во своето истажување, за емоционалната интелегенција ќе истакне: самосвесност, самоконтрола, управување со сопствените емоции, мотивација, емпатија, читање на чувствата на другите луѓе, социјалните вештини како тимска работа, убедувањето, слушањето, лидерството, како и унапредувањето на односите со луѓето. Од тука, според мене емоционалната интелегенција ја представува свесноста за сопствените чувства, тоа пак јас велам, ни продуцира свесност преку нашите сопствени чувства да ги согледаме чувствата и на другите луѓе – да бидеме емпатични, да сочувствуваме со другиот човек.
Од ова, почитувани мои читатели, мора да се согласиме дека денес, во совршена конкуренција на пазар, лошо или хаотично капиталистичко уредување на системите, малку се зборува за оваа проблематика, а сепак докажано е дека токму емоциите се клучот за професионален успех. Во контекст на ова често знаеме да си ги поставиме следните прашања:
Зошто на пример некои луѓе се надарени да уживаат во животот?
Зошто најдобриот ученик во класот, ретко станува успешен кога ќе порасне?
Зошто на пример некои луѓе освојуваат на прв поглед, додека спрема други сме без доверба?
Одговорот на горепоставените прашање се добива преку анализата на емоционалната интелегенција, при што во најновите денешни истажувања недвосмислено се докажува дека за успехт во животот на било кое поле не е толку важен умстевениот коефициент мерен со класичните тестови за интелегенција, колку што е карактерот на човекот.
Оттука, почитувани читатели, констатацијата е јасна!
Имено, фамозниот IQ (коефициоент на интелегенција) представува само дел од интелегенцијата. Ова подразбира дека преостанатиот дел од интелегенцијата му припаѓа на EQ (емоционалната интелегенција), која во повеќе наврати јас често знам да и дадам голем приоритет, и тоа не случајно, туку намерно, со цел сите ние борци во неморалниот капитализам да ја сватиме нејзината вистинска вредност во секојденевното живеење и деловно напредување во кариерата.
Според тоа, јас ја дефинирам како, спосбност на личноста успешно да управува со сопствените чувства и правилно да одговара на чувставата на своите соговорници. Тоа подразбира дека емотивно силната личност најдобро ги користи своите потенцијали не дозволуваќи другите луѓе и околностите да ја доведат во прашање нејзината положба. Согледуваќи ги ваквите констатации можам да синтетизирам дека, добар (EQ) коефициент на емоционална интелегенција го определуваат три основни карактеристики:
(1) Целосно разбирање на сопствените чувства;
(2) Способност за разбирање на туѓите чувства;
(3) Успешно адаптирање на своите чувства во секоја ситуација.
Колку да се знае, за нашиве компании и институции, денес, во добар дел од американските компании во своите сектори за човекови ресурси имаат развиено системи за проверка на EQ, односно освен коефициентот на интелегенција се проверува и емоционалната интелегенција. Во современата денешна теоретска и практична јавност едно стана јасно, а тоа е дека: умствениот количник представува само 20 % од успехот, додека останатото зависи од различни нешта, како: социјалниот статус и среќта. Во оваа насока сакам да го истакнам тврдењето на познатиот светски гуру Трејси Брајан, и еден од водечките авторитети во САД за развој на човековиот потенцијал и личната ефикасност, кој во своето гостување кај нас истакна: "Открив дека среќата е прилично предвидлива работа. Ако сакате повеќе среќа обидувајте се почесто, превземајте ризик" (превод С.Н.)
Денес, научниците веруваат дека дури 90% од емотивните комуникации се одвиваат невербално. Имено, докажано е дека индивидуите со подобри резултати во емотивната интелегенција се поомилени и поуспешни на работа и дома. Тука се наметнува една категорија при истажувањето на коефициоентот за EQ, која представува најважна за читање на туѓите чувства, односно емпатија. Емпатијата е вродена особина, а со искуството се модифицира. Како пример, кој ми доаѓа во мислите може да претставува мало бебе кое се вознемирува кога ќе чуе како плаче некое друго бебе, пришто станува јасно дека тие реагираат на емоцијата што ја препознале. Од друга стана, да нагласиме, доколку околината не ги препознава чувствата или престане да обрнува внимание на чувствата што ги искажува, малите деца не само што престануваат да ги изразуваат, туку станува се потешко истите емоции да ги препознааат кај другите.
Истажувањата направени во претпријатијата покажуваат дека коефициентот на интелгенција (IQ), на кандидатот му помага да се вработи, додека емоционалната интелегенција (EQ) му помага да напредува.
Во овој контекст, почитувани млади дипломци, а и политичари, не заборавајте: колку повеќе напредувате во хиерархијата нагоре, толку EQ е поважен.
Доц. д-р Синиша Наумоски Авторот е Универзитетски професор на Еуро Колеџ, Доц. д-р Синиша Наумоски
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*