×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Имунизација од општественото упросечување

    Бране Петрушевски

    Без да имам намера премногу да филозофирам, сакам поимот општествено упросечување да го дефинирам како тенденција во општеството за истакнување на оние што се со послаб квалитет. Континуираната деградација на сите општествени норми и вредности ја прави Македонија плодно тло за развој на ваквиот феномен. Особено кај високите државни власти, што за жал ни го кројат животот, на кои во колумнава им давам заслужен простор. Од друга страна, континуираното планско економско осиромашување на народот му го убива имунитетот за борба против упросечувањето, но и можноста за негова идентификација. Не случајно употребувам термини од медицината, и не затоа што сме во пандемија, туку затоа што упросечивање е болест на општеството. И како секоја болест, што нанесува штети, конкретнава штети на општеството.

    Актуелната пандемија од Ковид-19 ја исфрли на површина целата неспособност на просечниве од власта. Нема да ја аргументирам тезава со статистички податоци, настрана неспособноста да се набават вакцини, само би ги поставил прашањата: Дали функционира епидемиолошкиот систем, односно дали се откриваат и следат кластери, па ако сакате и дали воопшто се вршат епидемиолошки анкети? Дали функционира изолацијата, ја контролира ли некој и колку време од пријавен контакт се добиваат решенијата за истата? Се грижи ли некој за хронично болните, нивната достапност до потребната терапија и контролните прегледи? Помислил ли некој за правилно складирање на корона отпад? Редари има ли во државните институции? И имам уште десетици прашања за кои здравствените власти ќе немаат одговор. Затоа што упросечувањето подразбира и дека со секојдневно изјавување дека ситуацијата е под контрола ќе се намали штетата во перцепцијата кај граѓаните. И толку. Акција и активност нема.

    Не треба да си генијалец за да предвидиш дека пандемијава од светски размери ќе има негативно влијание врз економијата, особено врз нашата: кревка, транзициска и вечно во некаков развој. Просечниве и ова го скапираа (не)свесно доцна, но види чудо, за нив таман навремено – во предизборието. Злоупотребувајќи ја пандемијата нè задолжија сите со фантастични 3 милијарди евра, за преку институционален изборен поткуп (картички, ваучери, пари за плати, кредити и слично) на народот и бизнисот да му фрлат трошки од само три - четиристотини милиони евра. И откако си ги обезбедија фотељите - толку. Каде е денес помошта на бизнисот!? На граѓаните!? Дури денес просечните не убедуваат дека имале кворум во Собранието, но виновна зошто нема економски мерки е опозицијата која не правела кворум, бидејќи замислете, немале кворум??? Секој разумен човек знае дека лошата економска состојба влијае негативно врз полнењето на буџетот и тоа е вистинската причина зошто нема економски мерки. Оваа држава, со оваа неспособна власт, полека, но сигурно се движи кон банкрот. Немаат пари и затоа нема мерки... Купуваат време како би се задолжиле уште некоја милијарда, па повторно во предизборие да делат милостиња... Толку се може од просечните.

    Како да се запре упросечувањето? Ова широко - распространета општествена болест се запира со имунизација. Како што за спречување на Ковид-19 пандемијата е неопходен колективен имунитет, така и за спречување на упросечувањето е потребно колективно општествено освестување и акција. Доаѓа пролет, време е за будење!

    Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*