×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Историја и географија

    Мартин Костовски

    - прво, од 1519год. потекнуваат првите факти за населенета област Куманово, област која била населена со 52 семејства и 300 жители (информациите потекнуваат од архивите на Истанбул, Турција). Патописецот Евлија Челебија прв во својот тефтер го забележува: „Населената област Куманово се наоѓа на територијата на санџакот Скопје. Градот има многу реки и околу 600 куќи покриени со покривни плочки. Џамијата, која се наоѓа во трговската област, е прекрасна и има училште (медреса), амам, трговски центар, додека климата во градот е блага. Постојат многу лозови полиња и земјиште каде се насадени различни видови овошја.

    Во втората половина на XVI век и на почетокот на XVII век, Куманово станува урбано подрачје со административен центар. По Карпошовото востание па се до крајот на XIX век Куманово бележи одреден економски развој, но не и индустриски развој. Ваквата ситуација трае се до завршувањето на Втората светска војна. По 1945год. Куманово како дел од тогашната држава доживува брз економски, административе и културен развој а денеска 20 години по осамостојувањето на нашата држава, Куманово е современ и модерен град, најголема локална самоуправа во Република Македонија.

    - второ, Општина Куманово се наоѓа во североисточниот дел на Р.Македонија на надморска височина од 340метри, лоцирано на самата раскрсница на двата најзначајни коридори во земјата ( Коридор 8 - Коридор 10). По број на население, Куманово е најголема општина во Македонија зафаќајќи површина од 509,48 км2.

    Локални и централни, ветерани и млади, црвени и портокалови вмровци дали некогаш сте ги слушнале овие факти, дали сте биле присутни или можеби неоправдано отсутни на часовите кога станувало збор за Куманово и дали според Вас Општина Куманово се наоѓа на карта на Република Македонија. Овие прашања ги упатувам до Вас бидејќи деновиве имам шанса да прочитам колумни со извртени ставови од најразлични профили на полтрон-вмровчиња, па затоа имам право да побарам и одговор.

    Навистина е жално, Вашата игнорантска арогантност кон Куманово нема граници, неодамнешниот вмровскиот кичерај под Букефал ги омаловажи градовите од внатрешноста во срж и суштина, без срам и перде. По којзнае кој пат се докажа дека вмровците имаат хронично отсуство на капитални инвестиции во нашиот град, ама да е само Куманово па да не ни е криво, но како велат старите „секој си плаче на својата мака“. Секој кумановец си ги поставува прашањава за својата мака:

    - Зошто ВМРО-ДПМНЕ во Куманово не стави ниту еден единствен камен темелник за некоја капитална инвестиција, кај се ветените вработувања, повисоките плати и подобриот животен стандарт со квалитетна здраствена и социјална заштита, зошто младината од Куманово ни бега по Ирак и Авганистан - наместо да се вработат тука, кај е патриотизмот за Куманово ???

    Почитувани, мои сограѓани патриотизмот на Вмровците е во фамилијарно-партиските вработувања на заслужните „обезбедувачи на гласови“, патриотизмот на вмровците е во Скопје 2014 (Александар, Букефал, лавовите, фонтаната, Триумфалната капија - на вмровските лаги, криминали и неуспеси, во милионите евра од овој проект во нечии џебови ...) и сега ќе се запрашате, се е тоа јасно ама кај е Куманово во вмровската прикаска ???

    Епа сега, Куманово и другите градови од ПЕРИФЕРИЈАТА, ќе почекаат подобри времиња, па за нив нема време сега - сега е битно народот да биде опиен од парадата на кичот и квази патриотизмот. Значи, почитувани раководни структури во ВМРО-ДПМНЕ имате тотално погрешна перцепција и практична примена на зборот и поимот ПАТРИОТИЗАМ.

    Драги пријатели патриотизам е кога - еден Градоначалник од некоја опозициска општина каква таа и да е која благодарение на политиката на централната патриотска власт ќе биде отфрлена во инвестициски, економско-развоен, културен и социјален смисол. А тој градоначалник кој е оставен сам на себе и на своите скромни општински средства, ќе смогне сили континуирано да гради: училишта и училишни спортски сали (кои се во надлежност на централната власт), да гради перманентно улици, канализациони системи, инфраструктурни објекти, плоштади, кеј, спортски полигони, ултра големи гасификациони проекти и да овозможува поквалитетни услови за живот а propo неговите надлежности. Ете тоа ви е патриотизам - почитување и сакање на својот град и народ.

    Но, почитувани читатели најмоногу ме плаши што со вмровската брутална ревизија на македонската историја, Македонија стана заложник на лудилото на ДПМНЕ, со ступидните проекти и инвестиции, погрешни и нерационални политики кои се ставаат на пиадесталот на исправното, доброто и потребното се забораваат и отфрлаат најосновните потреби на обичниот човек и граѓанин.

    Затоа ќе ми дозволите преку оваа колумна во ВЕБ-порталот Kumanovonews, да ги потсетам пред се нашите локални вмровци (се надевам дека тие Премиерот) дека го немаат совладано материјалот по историја и географија и дека мора да знаат дека Куманово е дел од Република Македонија, кумановци се државјани на Република Македонија, дека сите ние ги плаќаме обврските кон државата и дека ја сакаме и почитуваме нашата Македонија.

    Секретар на О.О.СДСМ-Куманово

    Мартин Костовски, Мартин Костовски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*