×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КУМАНОВО, КУМАНОВО У СРЦЕ Е-КУМАНОВО, КУМАНОВО ЗА НАС Е СВЕ !!!

    Мартин Костовски

    Почитувани, сограѓани сите ние во изминативе два-три месеца сме сведоци на убави спортски збиднувања во нашиот град. На моменти ни се враќа сликата на убавите шампионски денови на Куманово и како да се будиме од десет годишниот спортски сон. По незнам чија вина”намерна или ненамерна” Куманово од 2000-та година па навака беше заборавен, отфрлен и неинтересен град на спортски план за македонската и пошироката спортска јавност. Цела деценија бевме заглавени во некакво спортско сивило оптеретено со неизвесна иднина и славно но недостижно минато, на моменти се појавуваа некакви амбициозни и искрени но недоволно концепциски издржани обиди за кумановска спортска екипа во некоја спортска дисциплина. Но, за жал секој таков обид завршуваше  неуспешно и незабележливо. Па аналогно на таквиот децениски пост, згаснаа многу клубови, кумановските играчии заминаа во туѓи екипи, младинските школи речиси да не ни постоеја, градот не даваше репрезентативци. Немаше за кога да се навива, немаше кој да се бодри...Генерално секоја политичка гарнитура која ја има добиено довербата на граѓаните, има обврска спрема нив, преку своето дејствување да изгради став и концепт за развој во различни општествени сфери(образование, култура, инфраструктура,спорт) и нормално  со унапредување во овие сфери граѓаните да препознаат колективен бенефит. Политиката и прагматичното дејствување на Градоначалникот Дамјановски и неговите соработници во последните 5-6 години покажа видливи успеси во сите сегменти во општеството apropo ингеренциите кои ги има. Благодарение на придобивките кои ги дава локалната самоуправа и можностите за развој - се постигнаа успеси во поглед на инфрастуктура, успех во издигнување на културно поле и напредок во образование...но како уште нешто да фалеше. За да биде правилно составен  мозаикот на успешно Куманово, требаше да се оживее спортот во градот. Со силна волја,упорност и заложба пред се на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово се направи првиот чекор, а тоа е подршка на сите спортски екипи во градот(преку Сојузот на спортовите на Куманово), а со особена подршка на екипите кои се натпреваруваат во Суперлигашка конкуреција. Со натпреварувањето на Кошаркарскиот клуб-Куманово, Ракометниот клуб-Куманово, со Женскиот Ракометен клуб и со Одбојкарската екипа во Супер лигите на Република Македонија, Куманово на голема врата се враќа на спортското поле како сериозен противник и конкурент за највисоките спортски достигнувања. Амбициите за оваа година на сите суперлигашки клубови е да влезат во play off и излегување на европска сцена следната сезона. Навистина традицијата што ја има спортот во Куманово не обврзува сите нас да дадеме се од себе за да не се забарави спортот во градот. Не е,  и воопшто нема да биде лесно да се издржи, да се напредува и да се победи. Но ова е Куманово, град во кој многу работи почнале, град во кој и многу работи успеваат. Менталниот склоп и карактер на нас кумановци е никогаш да не се предаваме, да ја сакаме победата и да успеваме во тоа. Како еклатантен пример за ова што го зборувам се фантастичните навивања и пеколно добрата атмосфера што ја создава НАЈДОБРАТА ПУБЛИКА НА СВЕТ. За жал  многумина не критикуваат или обвинуваат за некултурно и нефер навивање, но сето тоа е во жар на борбата и силно посакување на победата. Навивачката група Кумани е вистински репрезент на она што значи сакање и почитување на клубските бои на кумановските тимови. Тука би сакал да ја искористам оваа прилика преку Вашиот интернет весник да ги повикам и сите оние кои досега не присуствувале на спортските настани во Спортската сала, да дојдат на следните утакмици и да ја дадат подршката, едноставно да бидат дел и сведоци на едно ново шампионско време на нашите клубови.

    Драги сограѓани за крај сакам да потенцирам - заедно со нашите спортски херои кои ги бранат боите на нашиот град Пепи Мансков, Луковиќ, Станковски, Микиќ, Јанушевиќ, Јанев, Димитриевски, Лина Треноска...нашите кумановци Габриела Трајковска, Димковски, Ѓорѓиевски ...Куманово оди во нови победи, чекориме сигурно кон височините на успехот. Куманово ќе успее во своите заложби, бидејќи ја сакаме победата, бидејќи сме шампионски град.  КУМАНОВО, КУМАНОВО У СРЦЕ Е-КУМАНОВО, КУМАНОВО ЗА НАС Е СВЕ!!!

    Претседател на Ракометен клуб-Куманово

    Мартин Костовски Мартин Костовски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*