×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Ново „некоректно“ мнозинство

    Мартин Костовски

    Каде отиде политичката коректност, каде отиде чистиот образ и одговорноста, зошто желбата да се дојде на власт ги погазува сите етички и морални вредности на еден политичар? Дали сѐ она во што верувавме е фрлено на буништето на партиската пресметка до себепонижување? Искрено, тешко дека некој може да даде одговор на ова прашање, а уште потешко е да се разбере ова понизно однесување од секој еден „нормален“- непартиски граѓанин (обичен човек) во нашето општество. Се прашувате за кого пишувам и на кого мислам, воопшто не е тешко да се препознае. Тоа е новата локална власт во Општина Куманово, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и советниците на старо-новиот градоначалник Димитриевски.

    Кумановските вмровци на овие локални избори имаа убедливо најслаб изборен резултат во плурална Македонија, од 1991 година па сѐ до денес (8.900 гласа за кандидатот за градоначалник и освоени 7 советнички места). Кампања проследена со многу контроверзии и чаршиски муабети дека можеби раководството на Општинскиот комитет на ДПМНЕ го бојкотирало својот кандидат за да може да се испазари за ова што го имаат денес, а со тенденција во 2025 година целосно да ја земат општинската власт. Арно ама, каде што има дим, има и оган, па за прв пат после 30 години ВМРО-ДПМНЕ има две директорски места и вработувања во делба на колачот, по формирањето на новото непринципиелно мнозинство во Советот на Општина Куманово. И до каде доаѓаме, драги мои кумановци? Политичката сцена во Куманово е во ера на политика на пост-факти – кога за кредибилитетот на еден политичар е поважно да се предизвикаат емоции кај гласачите со бранење на личниот интерес, отколку идеите, фактите, конструктивните стратегии. Во оваа смисла, фокусот е ставен на реторика што ги распалува страстите и што го крева адреналинот кај публиката, додека аргументите, базирани на факти, станаа помалку важни. Занемарувањето и игнорирањето на фактите во оваа смисла не само што не наидува на каква било санкција, туку се наградува како вид на политичка доблест.

    Најиритирачко, што беше манифестирано во кумановската јавност, беше пресот од пред неколку дена во дворот на кумановската болница, каде спектакуларно и победнички од страна на еден пратеник, двајца нови директори и од претседателот на Советот, т.е. новото мнозинство, беше промовирано гасифицирањето на болницата. Од смешно посмешно не може да биде, полицемерно и подволично едноставно уште помалку. Кумановци се паметни луѓе, не поминуваат вакви фори и ефтини трикови. Општата болница во Куманово од пред некој ден се грее на гас, откако е инсталиран нов систем на греење за кој Министерството за здравство обезбеди 300 илјади евра. Претходно, болницата се затоплуваше на мазут и нафта, па беше посочувана како еден од најголемите загадувачи во Куманово. Да, добро прочитавте, со пари на Владата предводена од СДСМ, од истата таа Влада која го реконструира и Театарот во Куманово. Нема да ме чуди истата екипа да ја видам пред театарот со нов прес овие денови, да кажат дека и театарот после 40 години го реновирале. Важно за нотирање е и дека претходните раководства во ЈП „Куманово-Гас“ придонесе многу за овој проект, а најмалку кој придонел е новиот вмровец-директор и екипата од прес- конференцијата. Кој придонел повеќе за кумановци, едноставно се знае. Од тотално игнорирање на нашиот град до реална поддршка од Владата на СДСМ, која реконструира мостови и регионални патишта во кумановско после 40 години, Влада која ги покачи пензиите, минималната и просечната плата, која ги обештети стечајците, која се бори со здравствената, енергетската и економската криза наспроти девијантното однесување на опозицијата. Факт од кој нема бегање е дека и стапката на невработеност од 24% се намали на 15%. Дали е доволно? Секако дека не, мора уште многу повеќе. За жал, мандатот на СДСМ поминува во ковид, енергетска и економска криза, го немаме комидитетот во владеење кој го имаше ВМРО-ДПМНЕ, но како и да е, знам дека работиме и ќе направиме многу повеќе за Куманово од лажните локал патриоти.

    „Целта ги оправдува средствата“, вели Макијавели, но образот и честа е она по што ќе бидеме запаметени. За што ќе ни се сите директорски фотелји, привилегии и власт, ако не останеме луѓе, ако се китиме со туѓи перја. Политиката е можност, како општествено одговорна личност, поединечно или преку партиски субјект, да ја спроведеш својата идеја преку конкретна политика. Во никој случај не е можност да се себепрезентираш за нешто што не е твоја заслуга. Нашиот град поминал многу, знае многу, и знам дека и овој временски интервал кумановци ќе го почувствуваат искреното однесување наспроти fake политиканството.

    Мартин Костовски, Пратеник од СДСМ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*