×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КУМАНОВО – “БИЗНИС АНГЕЛ” ИЛИ ИЗГУБЕНА МОЖНОСТ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (I дел)

    Доц. д-р Синиша Наумоски

    Безмалку една деценија Куманово е печалбарски град и може да се каже дека во овој град се внесени близу милијарда евра од Ирак и Авганистан

    Во овој момент, додека ја пишувам колумнава, стигнуваат многу позитивини вести за мојот матичен Факултет. Оттука, си велам, ајде да ја искористам оваа прилика и да ја пратам пораката до сите оние (иако малкумина) кои не веруваа во Нас. Почитувани, на Шангајската листа за 2013 година, на високото 6-то место од Приватните Високообразовни институции, е токму Факултетот за Бизнис - Euro College (сега со големи букиви) ОД КУМАНОВО. Оттука, се прашувам, зарем ова не е една од најголемите придобивки за една Оптштина, како Куманово? Впрочем, Општина Кумново има право или ако милувате обврска да го прифати ова, како една голема можност за промоција. ЧЕСТИТКИ од мое име за менаџментот и колегите на Euro College. Наскоро стануваме “University”. ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ!   

    Според тоа, почитувани се покажаа многу точни моите неодамнешни тврдења за тоа дека квалитетот на наставната програма почива на квалитетот на наставниот кадар. Можеби ние не сме најкавалитетниот кадар, има и многу подобри од нас, се разбира, но со сигурност ви тврдам дека сме први во испонителноста на следниве четири цели:  

    1. создавање во континуитет, креативна интелегенција кој ќе биде водич или стимулатор за секој студент пооделно;
    2. преку континуирана интерактивна настава, креирање динамична и позитивна атмосфера за учење на нашите студенти;
    3. таргетирање и развивање на квалитетни студенти за понатамошно интегрирање во деловниот систем; и    
    4. создавање на образовна средина преку јавни трибини, на кој ќе дебатираме заедно со нашите студенти, со една цел: да станат успешни граѓани на Република Македонија;  

    Сега да се вратам на Куманово, како “бизнис ангел”. Имено, со право е констатацијата на повеќе институции кои се занимаваат со ваквите истажувања, кога велат дека точниот број на кумановци, што работат во Ирак и Авганистан не е познат поради тоа што агенциите што вршат регрутација се многу затворени за споделување на информации со јавноста, како и тоа дека државата има проблем со ваквите статистики. Оттука, според одредени толкувања на кумановската јавност, една од најголемите компании за регрутација на ваков кадар е “FLOUR” и истата има испратено нешто повеќе од 1.400 кумановци (бројка кој е далеку од вистинта). Други пак, укажуваат на тоа дека заклучно со месец април 2013 година, преку повеќе компнии за регрутација од САД, во Ирак и Авганистан биле (а некои од нив сеуште се), околу 9.000 кумановци и во помал процент останати граѓани од Тетово и РМ. Оттука, годишниот прилив на девизни средства од страна на лицата кои работат во Ирак и Авганистан, на ниво на Општина Куманово во најголем процент, изнесува нешто повеќе од 90 милиони ЕУР. Ако се знае дека, безмалку една деценија Куманово е печалбарски град, тогаш со право може да се каже дека во овој град се внесени девизни приливи од странство (Ирак и Авганистан) околу 945.000.000 ЕУР или блиску до милијарда евра. Прилично фрапантна бројка, но кумановци, до сега освен што парите ги вложуваа во станбени, по некој трговски објект и скапи автомобили, малкумина или воопшто никој не се зафати со сопствен бизнис во родниот град.

    Кога велам, сопствен бизнис, притоа НЕ мислам на микро услжните компании кои се во изибилие во Куманово и притоа истите се непрофитабилни. Кога велам, сопствен бизнис, мислам на прозиводно-извозни компании од рангот на Екста Меин, Бучен Козјак, Биана и сл. Имено, тука, мора Владата, во името на патриотизамот (таа знае како тоа да го промовира, многу подобро од сите нас), да се ослободи од стегите на политиката, и да му помогне на Куманово, и тоа многу порано од моментот на освојувањето на локалната власт.

    Како? Практично, јас веќе неколку пати низ моите Јавни настапи кажав: мора, да се почитуваат и нашите инвеститори, за да не одиме сите преку фирми од соседството, да инвестираме како странци во својата земја, само и само да го имаме третманот во слободните економски зони за странски инвеститори. Практично, мора да се направи слободна економска зона која ќе биде ислучително наменета за нашата дијаспора, по принципот на слободната економска зона “Бунарџик”, со еднаков третман како кон странските инвеститори, од страна на Владата, се разбира.  

    Имам и друга теза: ајде да го амнестираме преку таа “Зона за дијаспора” и целиот капитал изнесен од дражавата за сите овие 24 години. Ама тоа со кампања да го стимулираме, да ги поддржиме имателите на таквиот капитал... Тоа да успее... ТОА Е ПАТРИОТИЗАМ ЗА МЕНЕ!

    Со оглед на фактот дека ова претставува голем проблем за успешноста на локалната економија на Општина Куманово, а со самото тоа и на успешноста на целата Македонска макроекономија, доаѓам до заклучок дека ова е комплексна тема, при што, во понатамошните колумни, јас ќе се ограничам на следниов проблем: Значењето на паричните девизни приливи од лицата што работат во Авганистан и Ирак за развој на претпремништвото во Општина Куманово.  

    ПРОДОЛЖУВА...

    P.S. Иако, неодамна, Центарот за економска анализа од Скопје (CEA - Center for Economic Analysis) изврши истражување, кое би можело да биде водич во изнаоѓање начини како печалбарските пари да се мултиплицираат дома, сепак јас како истражувач на ваквата проблематика, сум на мислење, дека таквите согледувања, од нивна страна, ја нагласуваат потребата јас, во мојата анализа да вклучам повеќе конкретни решенија и насоки за развој на претприемништвото, со самото тоа да му се помогне на Куманово, како најголема оптштина, да биде лидер во развојот на претприемачкиот бизнис во Република Македонија и поширико во регинот. Ако за тоа веќе не è и предоцна!   

    Доц. д-р Синиша Наумоски Авторот е Универзитетски професор на Еуро Колеџ, Доц. д-р Синиша Наумоски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*