Иако, неодамна, Центарот за економска анализа (CEA - Center for Economic Analysis) изврши истражување, кое би можело да биде водич во изнаоѓање начини како печалбарските пари да се мултиплицираат дома, сепак јас како истражувач на ваквата проблематика, сум на мислење, дека таквите согледувања, од нивна страна, ја нагласуваат потребата, ние, како научно-истажувачки работници во нашите анализи да вклучиме повеќе конкретни решенија и насоки за развој на претприемништвото, со самото тоа да му помогнеме на Куманово, како најголема оптштина, да биде лидер во развојот на претприемачкиот бизнис во Република Македонија и поширико во регинот. Ако за тоа веќе не è и предоцна!
Имено, ние, како современи научно-истажувачки работници (или ако милувате со други зборови - професори) мора да говоревме во сите јавни настапи и јавни говори преку формалното и неформланото образование, дека е од една страна е благослов, но од друга страна грев, денес да се биде државен службеник. Исто така, ние, како современи научно-истажувачки работници (професори) мора да говоревме за еден и единствен пат за успех на секој наш студент, а тоа е: претприемништвото, самовработувањето и креирањето на мали и семејни бизниси. Практично, повеќе од 5 години јас велам: “ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО Е ПАТРИОТИЗАМ и ништо повеќе”.
Во контекст на ова, можам да констатирам дека во повеќето високо развиени земји, искуствата говорат дека државните структури, Владата, министерствата или некои овластени и услужни органзации имаат голема стимулативна функција за развојот на претприемништвото. Ваквите држави, практично, имаат конструирано цели мрежи на служби за давање на совети, кои на идните потенцијални претприемачи им дават услуги, консалтинг, практични совети, обуки и сл. Но, не само во едукација, таквите служби (сервиси - академии) за давање на совети, овластени сè, од страна на Владата да создаваат силни конекции и со банкарскиот сектор, во смисла, давање на соодевтни и реални финансиски олеснувања за потенцијалните претприемачи. Јас велам, токму тука е клучот за успехот.
Почитувани читатели, мора да се согласите дека кај нас, се појавува еден ЈАЗ помеѓу банкарскиот сектор и потенцијалните претприемачи. И тоа, таквиот јаз се повеќе и повеќе се продлабочува. Ако тоа е така, се прашувам: дали треба нова организација – служба, академија, (неформална, формлана, приватна, јавна или мешовита е сеедно), за давање на практични совети и помош при кредитирањето и изработката на бизнис планови за апликација во Банките на потенцијалните млади претприемачи, која во себе ќе интегрира голем број банкарски специјалисти и членови на нивните УО. Исто така, се прашувам: дали мора и веќе е дојдено времето сите ние заедено да направиме напори за зголемување на финансиска едукација, а со самото тоа да го зголемиме и нивото на финансиска писменост на населението во Р.М.
Понатаму, се прашувам: дали со доближување на банкарската фела до стопанскиот сектор преку специјализиран тренинг и сертифицирани специјалистички семинари согласно европските стандарди за Банкарски Тернинг и издавање на стручни списанија со цел, максимална афирмација на банкарските субјекти од една, и образовните институции од друга страна, кај нас, ќе се креира поголем успех. ДА, велам јас. Секако дека е дојдено времето за тоа!
Денес, во услови на рекомпонирање на воените цели на американската политика, а особено по победата на изборите во САД (2012 година) за втор мандат на Претседателот Барак Обама, речиси е неизбежно, повлекување на американската војска од Ирак и Авганистан. Со самото тоа, бројот на лица од Куманово кои што ќе работат во воените бази ќе се намали. Голем дел од лицата ќе мораат да се вратат во Македонија, додека пак, останатиот дел поради ниските плати и неможноста да се инфилтрираат во системот ќе одлучат да продолжат надвор со градење на деловна кариера.
Имено, една од најбитните функции на локалната самоуправа и централната власт ќе биде во тој момент, како да привлече што е можно поголем дел од таквите лица да се вратат и да продолжат да живеат во Куманово. Практично, голем дел од нив, а речиси и сите поседуваат релативно големи заштеди кои сигурно би ги инвестирале во отпочнување на нови бизниси.
Токму затоа, сме на мислење дека Општина Куманово од една, и центалната власт од друга страна, во соработка со останатите институции, мора да ја искористи оваа можност и со сопствените ингиренции, институционално да ја максимизираат идејата за развој на претпремачкиот дух кај ваквите лица. Имено, мора да се организираат што е можно поголем број јавни трибини, научни конфереции и дебати во кој ќе бидат активно вклучени лицата кои работат во Ирак и Авганостан. Практично, ваквите активности, според нас, мора да бидат медиумски покриени и преку еден вид на кампања, во соработка со институциите од формалното и неформално образование, да се подигне нивото на претприемачкото размислување. Но, тоа само по себе не е доволно.
Според тоа, конкретни решенија и насоки за пренасочување на паричните девизни приливи од лицата што работат во Авганистан и Иарак во функција на развојот на претпиемништво, бараат, од сите нас, да се погледнат со голема доза на сериозност, факторите кои ги одвраќаат од инвестирање ваквите лица кои работат во Ирак и Авганистан. Тоа се:
На крајот, имам еден многу моќен и иновативен предлог, кој е веќе најавен од финансискиот макроекономски менаџмент, а тоа е: да се искористи како ефикасен начин на финансирање, првата локална обвраница која мора да започне да се практикува кај нас (за прв пат), најдоцна до средината на 2015 година.
Имено, на мислење сум, локалната обвраница, како нов проект за реализиција на крупни општински проекти, ќе обезбеди капитал и ќе придонесе и во голем дел ќе го ослободи огромниот неискоростен девизиен прилив во Куманово, кој сега лежи во депозити и со самото тоа ќе допринесе за заживување на пазарот на хартии од вредност.
Доц. д-р Синиша Наумоски Авторот е Универзитетски професор на Еуро Колеџ, Доц. д-р Синиша Наумоски
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*