×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛЕТ ВО МЕСТО

    Војче Крстевски

     Се разбира, се започнува со нашата традиционална дисциплина-плукање кон оние кои ја освоиле власта. Те дека изборите биле недемократски, режирани, наместени, дека е тоа невидена кражба, диктатура, дека на нив гласало се живо и мртво и дека Македонија е во друшвото на Уганда, Руанда, Мадагаскар, Северна Кореја и сл. И тоа лутење и „плачење“ трае едно извесно време, Парламентот зеседава, пратениците повеќе се навредуваат отколку што дебатираат за одредени проблеми, на седниците се случува се и сешто, а ако затреба и помалку ќотек, народот гледа и мрмори- колку за себе. Ова особено се случува кон крајот на секоја година кога се расправа за буџетот за наредната година. Фрчат амандмани на опозицијата, а власта ладно ги одбива како да ги поднеле марсовци - исто како кога во општинскиот парламант во Куманово опозицијата поднесува амандмани, а локалната власт односно мнозинството во Советот ги одбива како да се поднесени од советници од друга општина. И на државно и на општинско ниво не е битно дали предлозите се добри, важно е не се - „наши“ што автоматски значи и не се добри, дека е тоа политички маркетинг да се добие некој поен кај граѓаните, дека опозицијата ја интересира само како да се добере до власта и ништо друго и сл. А што пак друго освен власта ги интересира политичките партии во Македонија?! - Граѓаните, нивните проблем, иднината на младите, стандардот на живеење, невработеноста! Ма ајде, мили на мајка, па не сме од вчера. Без партиска книшка ни во јавен таалет не можеш да влезеш, а не во државна служба. Дваесет и кусур години иста претстава - лет во место.

     Деновиве во Куманово меѓу своите сопатијци и граѓаните  беше потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Под мотопто - „Да ја вратиме средната класа“, ја презентираше програмата на Партијата,за која како што рече власта тврди дека ес-де ес нема програма. Имаме програма, рече подналутено Рада. Еве ја - и распали  од микрофонот рафално по власта: криминал, корупција, сива економија, беда, сиромаштија, политички затвореници, монтирани случаи, над 400 иљади претежно млади во белиот свет во потрага по егзистенција, безперспективност, држава без слобода и демократија, фиктивно намалување на бројот на невработените и сл. Главно беше се кажано она што сакаше да се чуе. А решенија, има ли Радо решенија? - Средната класа не побегна сама, избркана е, избришана е и ред е некој да се сети, да се потруди дебело пак да ја врати таму каде што некогаш беше - во главниот столб на државата. Имаме и за тоа решение, енергично и со раце објаснуваше Шекеринска, :ќе ја вратиме слободата и демократијата, ќе ги ревидираме и намалиме казните и глобате за фирмите и  поединците, ќе го вратиме дел од  де-де вето на граѓаните што ќе им дојде еден вид тринесетта плата и сл. Слушам,гледам и си мислам - добро е ова, ама како да дојдеме до 12-тта работничка  плата која е трае неколку дена и нередовна како дожд во Македонија.

     Со измените и дополнувањата на Законот за патниот сообраќај за три години таксистите ќе мора барем основно да научат да го познаваат англискиот јазик, а по пет години и еден степен повеќе. Засега не се бара факултетско образование, а после може магистратура или евентуално докторат. Ништо чудно-со 98 насто запишани средношколци на факултетите по дипломирањето ќе мора некој и такси да вози, ама претходно да го знае и англискиот. Кумановските таксисти половина на шега половина сериозно велат дека редно е и тие да бидат господа, а патниците работничка класа. Вози мајсторе!

    Војче Крстевски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*