×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МЕНАЏИРАЊЕ СО ПРОМЕНИ, ПРЕДИЗИК ЗА КОМПАНИИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    Доц. д-р Синиша Наумоски

    Почитувани мои читатели, како што во повеќе наврати сум истакнал: ако не се менуваме доволно брзо, ќе пропуштиме многубројни можности. На мислење сум, дека промената значи отфрлање на правилата кои веќе послужиле за остварување на својата цел.

    Истражувајќи ги проблемите во поглед на значењето и улогата на структурата на организацијата, однесувањето на поединците, како и значајноста на менаџерите во процесот на менаџирање со промените без никакви дилеми констатирав дека успешноста во работењето на денешните организации е во директна меѓузависност со успешноста на менаџирењето на промените, како и од успешноста во разбирањето на меѓучовечките односи внатре во самата организација, т.е. со други зборови кажано постои поврзаност помеѓу структурата на организацијата и успешноста во имплементација на промената, од една страна и поврзаност на однесувањето во организацијата и успешноста во имплементацијата на промената, од друга страна. Оттука, денес нашите менаџери во компаниите мора да ја сватат суштината на "диверзификацијата" на промената, односно тоа ја подразбира промената како намерна активност ориентирана кон јасно дефинирана цел.

    Проучувањето и анализирањето на проблематиката на промените, како и значајноста на менаџерите во процесот на менаџирање со промените, може да се заклучи дека претставува повеќе од неминовност, особено во земја каква што е нашата – во развој. Поточно, основен предуслов за мерење на успешноста во работењето на денешните организации во Република Македонија претставува успешното менаџирање на промените и во таа насока намалувањето или целосно елиминирање на отпорот кон промените од страна на вработените. 

    Исто така, надворешната средина на организацијата, стратегијата, технологијата и човечките ресурси се фактори кои треба да се земат предвид од страна на менаџерите кои сакаат да ја дизајнираат најдобрата структура за организацијата. Во тој конекст би рекол, колку е поголемо нивото на несигурност во една средина, толку е посложена стратегијата и технологијата, а колку работната сила е повисоко квалификувана и повешта, толку е поверојатно дека менаџерите ќе дизајнираат структура која е пофлексибилна.

    Поаѓајќи од претходниот мој став, може да се каже дека за успешноста во имплементацијата на промените потребно е да се согледаат ефектите од влијанието на поединците и групите што го имаат врз обликувањето на организациската структура, и при тоа меѓузависноста на таквото влијание со отпорот кон промените од страна на вработените. Тоа подразбира дека дизајнот на организацијата ја рефлектира специфичната ситуација на секоја организација.

    Според мене, не постои најдобар начин за дизајнирање на организацијата, но постои најдобар начин за имплементација на промената кој пак изискува новини (иновации) во самата организација. Токму затоа би рекол дека денес во нашата макроекономија менаџерите имаат за цел, низа од меѓусебно поврзани прашања кои значајно влијаат врз тоа на пример, како тие работат и на кој начин ги планираат и успешно ги имплементираат промените. Една заедничка нишка провејува низ пристапите на функциите, улогите, веш¬тините и активностите кон менаџментот: секој пристап ја признава огромната важ¬ност на управувањето со луѓето, без оглед дали се вика „функција на воде¬ње“, „меѓучовечки улоги“, „човечки вештини“ или „активности на упрвување со човечки ресурси, комуникација и мрежно работење“, јасно е дека менаџерите тре¬ба да ги развијат своите човечки вештини и ЕИ – емоционалната интелегенција ако сакаат да бидат ефективни и успешни, т.е. да танцуваат во современиот бизнис опкружен со промени.

    Од особена важнот за денешните организации кај нас, е да ја сватат "дивезификацијата" на промената, односно да ја сватат пормента како намерна активност оринетирана кон јасно дефинирана цел. Заклучокот во оваа насока е јасен и подразбира дека планираната промена сака да ја подобри способноста на организацијата да се прилагоди на промените во нејзиното опкружување, како и тоа дека планираната промена сака да го промени однесувањето на вработените.

    Имајќи ги предвид погоре наведените субјективни согледување токму на крајот сакам да го истакнам следово: главниот предизвик за менаџерите во Република Македонија денес претставува, во прв ред, одржување на организацијата во стратешките рамки како и задржување на континуитет во промените на средината. Тоа се постигнува со добивање одговор на следниве пршања:

    1. Како промените во технологијата влијаат врз работниот живот на вработените?
    2. Што можат менаџерите да направат за да помогнат нивните организации да станат поиновативни?
    3. Како менаџерите создаваат организации кои континуирано учат и се адаптираат?
    4. Дали менаџирањето со промената е културно врзано?

    Доц. д-р Синиша Наумоски Авторот е Универзитетски професор на Еуро Колеџ, Доц. д-р Синиша Наумоски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*