×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Морален мораториум

    Емил Ташевски

             Прашањето за моралот е од фундаментално значење за секоја цивилизирана човечка заедница. Секое прогресивно општество треба да се стреми да ги едуцира своите членови во духот на моралната автономија, како слободни и морално одговорни поединци. Само тоталитарните режими се опседнати со одржување на потчинет менталитет и авторитарна свест. Ваквите режими бараат доминација на моралната хетерономија и поединци без сопствен морален став и без можност за самоопределување. Долготрајната морална криза може да доведе до целосна морална дезинтеграција на едно општество.

       Треба да се истакне дека историјата не знае за никаков пример за опстанок на човечка заедница во која се случило морално распаѓање.

       Постои мислење дека со воведувањето на повеќепартискиот систем започна моралната дезинтеграција на македонското општество. Се разбира, тоа не значи дека моралната ситуација била идеална пред тоа. Гледајќи долгорочно, во Македонија преовладуваше патријархалниот морал, заснован на религија и вечна борба за своја држава.

       Еднопартискиот систем ги исклучуваше елементарните политички слободи, но не дозволуваше доминација на корупцијата во општествените односи. Посебен проблем во Македонија се однесува на тоа што падот на еднопартискиот систем се совпадна со трагичниот распад на СФРЈ, ембаргото од Грција и економската криза.

       Во таква ситуација, моралниот распад на македонското општество беше неизбежен. Социјалната патологија тргна нагоре, така што омразата, зависта и нетрпеливоста доминираа во социјалните и меѓучовечките односи. Режимот на Никола Груевски ги поттикна сите манифестации на моралната криза.

       Со доаѓањето на СДСМ и Зоран Заев на власт, започна последната фаза на моралната дезинтеграција на македонското општество. Заев како премиер на сите граѓани веднаш ја продолжи поделбата на народот на две групи од кои едната ја прослави (оние кои му беа лојални и го тапшаа по рамото), а другата која не се се согласуваше со неговото мислење ја сатанизираше.

       Истиот тој Заев по претрпениот нокаут најпрвин на парламентарни избори минатата година (ма колку и тоа да го претставува како победа), доживеа уште еден класичен нокаут на локалните избори пред неполни 2 месеца. Жаргонски кажано, кога една екипа од навивачката трибина загуби во битка свое знаме или фудбалска екипа која игра во елиминациона фаза загуби меч тие веќе не ни помислуваат да се појават на следниот натпревар, а најмалку да го бираат нивниот наследник. Заев се дрзна да организира “фер” трка за негов наследник но притоа неговиот фаворит да го води на состаноци на кои се одлучува за судбина на државата. Која порака сакаше да ни прати на сите нас уште останува мистерија. Во ист момент додека тој се спремаше да ја напушти и партиската и премиерската функција, оние првите кои ги споменав погоре во текстот почнаа да пишуваат беседи и љубовни писма по социјалните медиуми до новиот лидер. Нивната желба да се вовлечат во аналниот отвор на новиот лидер е само една пуста желба за малку власт, а самата доаѓа од личен страв бидејќи моралот во нивните животи нема значење.

       Стартот на новиот лидер со поддршка која ја доби најпрвин со луѓето околу Заев па потоа и од луѓето кои го загубија Куманово како бастион на социјалдемократијата ќе почне од минус. Дали ќе успее да се дрзне да ги тргне штеточините во самата партија, а потоа и во општинските организации допрва ќе видиме. Минусот кој му го нанесоа гробарите на СДСМ со негово пропагирање е доста голем и ќе биде многу тешко да се надополни. Неговиот став дека во СДСМ ќе донесе нови членови за да ја застане на нозе, не му препорачувам да го стави како приоритет туку најпрвин да погледне околу себе и отворено да разговара со сите кои моралот го ставија пред комодитетот. На луѓето им е доста од “Сјаши Курто да узјаше Мурто”. Ако ги продолжи истите политики во самата партија неговиот мандат може да трае како Санстефанска Бугарија и да биде впишан во групата функционери кои се обидоа, а им оди засега од рака да го погребаат СДСМ.

    Емил Ташевски, Дипломиран инженер по информатика на ФИНКИ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*