×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ода на жалоста

    Горан Гелевски

    Една Будистичка поговорка вели: Доколку сакаш да го осознаеш своето минато погледни ја сегашната состојба, доколку сакаш да ја осознаеш својата иднина погледај ги сегашните акции.

    Ајде ние кумановци да погледнеме што се случуваше во нашето Куманово во последните две децении. Дали нашиот град ни нуди човечки услови за живеење. Според мене не, градот се претвора во еден општ урбанистички хаос, каде во моментот е важно само да се изградат што е можно повеќе згради, да се профитира, без притоа да се размислува за тоа дали според бројот на населението во одреден дел од градот се обезбедени оптимални услови за живеење. Кога велам оптимални услови за живеење мислам на игралишта за деца, спортски рекреативни центри, паркови и зеленило, асфалтирани улици, паркинг места, велосипедски патеки и други нешта што кумановци треба да ги уживаат, а не да мечтаат за нив. На само два километри од центарот на градот постојат населби кои немаат ниту соодветна канализација за отпадни води. Старите водоводни азбесни цевки постојано пукаат и се санираат, крпат и прекрпуваат,наместо да се менуваат со нови, притоа и тоа малку асфалт што беше ставено на некои улици се претвори во кратери. На молбите и жалбите на граѓаните упатени кон општината никој не одговара. Тоа е оној познат „ шалтерски систем“, добро развиен уште од ерата на комунизмот, каде никогаш не знаеш кој шалтер и кој локален службеник, орган или тело, е одговорен за што, па во лавиринтот се губи секаква трага на вечно недосегливата одговорност, и надлежност.

    Сега си го поставувам прашањето-Кој треба да ја преземе политичката, моралната и етичката одговорност за ваквата состојба на нашиот град?Дали ќе проработи совеста за да се признае грешката во раководењето на градот без притоа неосновано да се префлува вината на другите институции? Во една прилика при разговор со еден наш сограѓанин, добив одговор дека за да се реализираат ветувањата на градоначалникот,не дозволувала сегашната владата. Веднаш си го поставив прашањето дали базентот што е изграден од милионски суми е барано одбрение од владата и дали баш тие наменски ги одобрија финансиски средствата за негова изградба. Претпоставувам дека ќе добијам негативен одговор. Тогаш ми се јавува потреба да го објаснам поимот одговорност.

    Значење на поимот одговорност во англискиот јазик потекнува од два збора responsibility/accountability. Зборот accountability потекнува од зборот accounting што означува прикажување на сметка. Овој поим означува обврска јавно да се објаснат некои одлуки, однесувања и намери. Ваквата обврска со години градоначалниците на градот Куманово ја избегнуваа. Избегнувањето на признавање на грешките на локалната самоуправа не е единствено нешто, што досега им беше важно. Најважно им беше одржување на верба во ефикасноста на локалната власт за да истите си издејствуваат уште еден мандат. Од оваа произлегува дека во нашиот град системот на вредности не ја вклучува одговорноста, а стратегиите на неодговорност и на неотчетност на градоначалникот се развиени до врвен степен.

    Следното прашање што си го поставувам е- До кога вака? Дали темнината на засенетото сонце од урбанистичкиот хаос ќе може да се замени со нешто друго? Јас лично искрено се надевам дека ваквата состојба нема долго да трае и ќе дојде време кога моите сограѓани ќе започнат да вдишуваат воздух со полни гради и притоа да не се грижат за сопствената иднина и иднината на своите деца.

    Горан Гелевски Горан Гелевски - психолог и семеен советник, член на комисија за образование на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*