×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Позитивната страна на екстерното тестирање

    Горан Гелевски

    Досега од одредена група на луѓе ги слушнавме негативните аспекти на екстерното тестирање, односно ситните недостатоци што скоро секој тест ги има се преувеличуваа до бесконечност, притоа се прогласи екстерната проверка како штетна за образованието, при што одредени политички групации се обидуваа да ги придобијат симпатиите на младите во основните и средните училишта, сè со надеж дека набргу екстерното тестирање ќе се укине. Дури се одеше до таа мера што некои пленуми повикуваа на укинување на предмети од државната матура како што е математиката, која со векови наназад е наука која континуирано се изучува во секој образовен систем и претставува незаменлив дел од стекнувањето на знаења и вештини кои на секоја личност ќе им бидат потребни во секојдневниот живот. Од овде треба да се запрашаат, како вработените во образованието, така и родителите, дали на ваквите “борци“ за подобро образование навистина примарна цел им е зголемување на квалитетот во образованието или првенствено им е креирање на ситуации за стекнување на ситни политички поени.

    Дали екстерното тестирање е толку негативно како што некои луѓе во македонското општество сакаат да го претстават?

    Веќе трета година по ред се спроведува екстерното тестирање во Република Македонија, кое според мене претставува еден начин за зголемување на објективноста во оценувањето на наставниците и проверка на степенот на постигања на учениците. Преку екстерното тестирање се става крај на нереалното оценување каде што многу родители преку разни влијанија врз наставниците и професорите успеваа незаслужено да издејствуваат многу повисоки оценки за своите деца од оние кои тие реално ги заслужуваат.

    Од друга страна некои родители и наставници прокоментираа дека екстерното тестирање е стрес за учениците. Да, би се сложил дека има извесна доза на стрес кај учениците, но тој стрес не е ништо повеќе од обично испрашување или редовен тест по некој предмет. Од психолошки аспект екстерното тестирање претставува воведен дел за она што од учениците би се очекувало понатаму. Т ие на некој начин ќе добијат повеќе искуство и ќе знаат подобро да се справат со слични или исти тест ситуации во понатамошното образование.

    Екстерните проверки и тестирања се дел од многу образовни системи. Ваквите модели на проверка претставуваат еден од начините да се добие јасна слика за степенот на исполнување на стандардите во образованието. Резултатите од екстерните проверки повеќе служат за пронаоѓање на слабостите во еден воспитно-образовен систем, изнаоѓање на нови, поефикасни образовни модели и креирање образовни политики кои ќе водат кон подобрување на квалитетот на образованието.

    Дали екстерното тестирање е совршено? Ниеден воспитно-образовен систем во светот не е совршен. Секој образовен систем си има свои предности и свои недостатоци. Би се сложил и со оние кои тврдат дека екстерното тестирање не е совршено. Секако треба екстерната проверка на знаења, како дел од македонскиот воспитно-образовен систем, може да претрпи измени затоа што секогаш може одредено тестирање да се спроведе подобро.

    За крај сакам да апелирам до вработените во образованието, родителите, учениците и другите граѓани својата енергија која ја насочиле кон укинување на екстерното тестирање, да ја насочат кон подобрување на истото со свои предлози и сугестии до одговорните лица. На тој начин сите заедно ќе добиеме поквалитетно и подобро образование и ќе учествуваме во креирање на една позитивна воспитно-образовна програма, која ќе нуди градење, негување и усовршување на она што веќе постои во македонскиот воспитно-образовен систем.

    Горан Гелевски Горан Гелевски - психолог и семеен советник, член на комисија за образование на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*