×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СОВРЕМЕНИ КОНЦЕПТИ НА ПАТРИОТИЗАМ

    Доц. д-р Синиша Наумоски

    Мојата наобразба морам да бидам искрен, не дозволува да зборувам за историја, впрочем, ако се направи добра ретроспектива во изминативе нешто повеќе од 20 години, ќе се дојде до заклучок дека нашава нација, нашиве лидери ја толкуваат историјата на своевиден субјективен начин. Во таа насока, можам да наведам бројни примери, како: 2001-та година, Киро Глигоров, бугарските и српските афинитети, Тито... Секој парцијално има став за сето ова, нема генерализација, нема заштитени тези, туку напротив, секој има свои тези и по истите ја брани неговата историја.  

    Оттука, јас морам да признаам дека во мојата земја, историјата ја губи големината како наука и своето општествено делување, таа веќе станува ирелевантна. Оттука, се поставува следново прашање:

    Каква врска има историјатата со патриотизмот?

    Почитувани, јас сум поборник на тезата дека ЕQ - Емоционалната интелигенција која слабо се спомнува на факултетите е пресудна за успех во животот и напредок во кариерата (многу истражувања покажаа). Taa впрочем е шест пати поважна за деловниот успех од онаа другата, толку споменувана - IQ. Но, за оваа извондренда материја во некои подобри времиња...   

    Според тоа, моето толкување на претходната теза во однос поврзаноста на патриотизамот и ЕQ е следново: за да бидете успешен во кариерата и да имате напредок (со јазикот на политиката, тоа би значело да бидете на власт во континуитет) мора да допрете до емоциите на опкружувањето. Вие како лидер, имате само еден начин да го натерате вашиот подреден да направи нешто, а тоа само и само преку неговите емоции, или ако милувате со други зборови, вие како лидер мора да разбудите внатрешна енергија во подрeдениот (во политиката тоа го велиме – гласачот), а тоа е само преку емоциите. Во таа насока, ќе го споменам еден многу цитиран текст во литертаурата од човековите ресуси кој вели: кога имате работа со луѓе, не заборавјте дека тие се живи суштества кои се водат од емоции.   

    Од ова, слободно можам да констатирам дека патриотизамот е најлесниот начин за контрола на емоциите. Тоа е средство за создавње големо количество на хармична маса на индивидуалци кои понатаму ќе бидат лесно наведуни кон Вашите крајни цели како лидер, а без притоа истата таа маса идивудуалци да бидат свесни за Вашите вистински намери. Или тоа психолизите го викаат имагинација, воведување во реалниот сет една имагинарна слика која сите ние ја гледаме, налик на овие илузионистите: паричката сега ја има, а потоа не, а впрочем таа е тука, но ние не ја гледме...

    Големиот виртуоз, и еден од најголемите создавачи на денешниве богати луѓе - Наполен Хил, (јас би го нарекол творец на една нова современа религија) во неговото истажување ќе истакне дека создавањето на синегија (или како тој вели "надум") лежи во можноста во вашето креативно јадро од индивидуи да има континуирана хармонија. Токму, тој континуитет на хармонија е пробелмот. Како да се одржи?

    И ете го сега поимот ″патриотизам". Алатката која е потребна, а навидум многу едноставна. Да поедноставам со пример: Формирате група на интелектуалци, наречана партија ставате симоли од минатото (лавови, петокраки, Гоце, Даме, Тито и сл.), пишувате статут, кој ќе биде Вашиот водич за содавање на синегија (надум) и во континуитет состанчите со членовите на групата за одржување на хармонијта, која ќе носи вредности (нови гласачи, нови членови и сл). Навидум едноставно, но тешко остварливо е во пракса, без активна употреба на алатката - патриотизам. Хил, понатаму вели, а јас потполно се согласувам, таа група интелектуалци или т.н. креативно јадро, ќе создава вредности (синергија) само доколку постои хармонија, доколку еден ја наруши, треба да биде отстранет... Оттука, можноста да падне нивото на хармонија, е минимална во ситуација кога ќе го конструирате патриотизамот на местото ″број еден″ во приоритети на Вашата организација (партија), а не претприемништвото, Европските интеграции и некои неемотвни теми за општата просечна маса, (која е 80%, следеќи го правилото 80-20).

    Сето ова е во ред, но дали создава вредности се прашувам, дали создава успешни луѓе, дали создава богатство, дали создава иднина... Не, почитувани читатели, ова создава сиромашни граѓани, со исполнета емоција на горди македонци со странски пасоши, растурени низ светот. Се помалку ја има енергијата на успехот овде, веќе и јас не ја чувстувам, а беше рекле за мене дека имам генијалност да ја приберам секоја капка позитивна енергија и двојно да ја вратам назад на студентите, на колегите и сите кои ме опкружуваат овие 30 години.  

    Имено, во повеќето анализи и истражувања направени во последниве пет години, се вели дека тековните трансфери на лицата што заминуваат во странство се движат на нивото од 22% од БДП (Извор: Центар за економски анализи Скопје) и се во константен раст, што претставува еден парадокс, ако се има предвид дека за време на светска економска криза, треба да дојде до намалување на таквите приватни трансфери. Имено, овде сум на мислење дека зголемената невработеност во развиените земји ќе доведе до намалување на приватните трансфери, но кај нас, се случува сосема спротивното. Тие растат за целиот период, достигнуваќи рекорден износ од околу 1,5 милијарди евра, на ниво на цела Република Македонија. Сега, доколку направиме едена паралела со странските директни инвестиции, ќе констатираме дека приватните трансфери се околу 5 пати поголеми и претставуваат еден од најзначајните извори на средства за голем дел од нашите граѓани.    

    Токму заради ова, јас повеќе од 4 години зборувам на моите предавања по финансии, дека ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО Е ПАТРИОТИЗАМ и ништо повеќе.... Сето ова погоре кажано, е во ред. Практично, треба да постои и кауза и јадро на патриотизам околу кое ќе се мотивираме и создавме "надум", (и ние македонците и нашите пријатели албанците), но само и само ако се искористи таа хармонија од патриотизмот и притоа се насочи, како што говори Хил, со една цел, а тоа е: креирање на нови мали и средни бизниси.

    P.S. Како? Јас знам како: преку ретрансфер на тие 1,5 милијарда евра странски трансфери на дијаспората (кои се верувале или не, се високи 23% од БДП) во функција на претприемништвото со помош на претходно споменатата алатка “патриотизам”. Кога? Кога ќе дојде моето време.  

    Доц. д-р Синиша Наумоски Авторот е Универзитетски професор на Еуро Колеџ, Доц. д-р Синиша Наумоски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*