×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ШТРАЈКБРЕЈКЕРИ

    Виктор Божиновски

        Иако секојдневно сме сведоци на разноразни будалаштини што ни ги приредува оваа власт, сепак покрај епското судење-пародија Груевски-Заев со очекувана завршница, уште еден бисер на властодршците ми го задржа вниманието последните неколку дена. Имено, драги мои, се сетија срцките од власта како да уништат едно од основните права на работниците не само во Македонија, туку секаде во светот, право за кое луѓе се бореле пред 100 години-правото на штрајк.

    Нели наставниците решиле да штрајкуваат заради бедните услови во кои работат и уште победните плати кои ги примаат, што искрено и за мене беше изненадување со оглед на синдикалната независност во оваа држава, веднаш проработува Центарот за смислување на вратоломии на газдите на државата, и измислуваат топла вода: со Закон смислија ако овие што се редовно вработени во образованието почнат да штрајкуваат, одма идат замени на нивните места за време на штрајкот од Биро за вработување!!! Пази молим те!!! Како онаа од рекламата - ДАЈ ДРУГО ДЕТЕ! И што си донесоа закон, си донесоа, оној токмак што во слободно време се претставува како Претседател на државата, а инаку е Професор на Правен факултет и би требало да знае по нешто од Уставот и законите си го потпиша Указот за минут време. Генијалец! Претседник каквог би свака Влада пожелела! Разбирам дека не треба да штрајкуваат полицајците, армијата, до некаде веројатно и лекарите, ама ова е првпат да слушнам дека наставниците може да штрајкуваат, ама на нивно место ќе донесат други.

        Е сега, сето ова да не е жално би било бескрајно смешно, ама у нивниот план има и неколку мали фалинки па да им ги предочам на оние наставници кои го читаат овој текст да си ги имаат на ум:

        Прво, ако појдете во Бирото за вработување ќе видите дека на пример во Куманово нема ниту еден невработен профессор по математика или физика, а има само 2-3 професора по хемија! Е сега, како овие што имаат по две глави и мислат дека се знаат и разбираат ќе сменат 20-тина професори по математика, физика и хемија, колку училишта има во Куманово??! Не сум баш сигурен дека има многу професори и по географија и по стручните предмети во училиштата. Она што знам дека има се учителки и професори по македонски јазик. Е сега, срцки мои паметни на татко, како тоа мислите да го продолжите и одржите наставниот процес без наставници за 5-6 предмети??!

        Второ, работодавач на секој наставник е самото училиште и за секое ново вработување се бара согласност од Министерството за образование, освен за итни и неодложни работи кога се пријавуваат на 3 месеци ! Што ќе биде ако штрајкот трае повеќе од 3 месеци??! И кој ќе ги пријавува новите наставници ако цело училиште штрајкува??! Ни на ова не ви текна, нели!

        И трето, но не најмалку важно . . . што ако наставниците кои чекаат на Биро се сетат дека всушност само ги искористувате за да спречите легитимно право на штрајк во образованието и одбијат да бидат штрајкбрејкери??!

        Сосема на крајот . . . на страна проблемот што всушност ништо од сето ова нема никаква врска со Уставот и законите . . . Во секоја нормална држава во која има нормален Уставен суд, ова ќе падне за 24 часа . . . во нормална држава, де!

    Виктор Божиновски Виктор Божиновски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*