Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Минатата година, во првите 6 месеци, ТОП 5 градови по згаснати фирми биле: Скопје , Битола , Тетово, Гостивар и Куманово. Годинава, тоа се: Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и Прилеп.
Според анализата на „Пари.мк“, во првите 6 месеци од годинава, најмногу фирми згаснале во Скопје, клуч на врата ставиле 1.766 фирми, или 36,2 проценти од вкупно згаснатите фирми во овој период. Минатата година пак, за 6 месеци, во престолнината, згаснале 1.935 фирми.
На второ место по згаснати фирми е Тетово. Во 6-те месеци од годинава економската битка ја загубиле 277 компании, а во 2021, истиот период бил погубен за 235 тетовски компании.
Со 220 згаснати компании, Куманово е третиот на неславната листа. Лани, во првите 6 месеци од годината, во Куманово згаснале, верувале или не, ист број на компании – 220!
Во Гостивар, бројот на згаснати фирни е 200. Лани пак, првото полугодие било полошо за гостиварскиот бизнис, згаснале 229 компании.
На петтото место по згаснати компании во првото полугодие годинава е Прилел, со 188 затворени фирми. Лани прилепчани подобро поминале – имало згаснати 166 фирми за 6 месеци.
Анализата на „Пари“ покажува дека и годинава, како и лани, најмногу затворања има во истите сектори: трговија, преработувачка индустрија, угостителско-хотелирскиот сектор, градежништво и во тренапорт и складирање.