Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во периодот од 3 август до 2 ноември 2021 година, Чивнинг секретаријатот прифаќа апликации за стипендии за учебната 2022/2023 година.
Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои ќе покажат посветеност и вештини потребни за создавање позитивни промени и притоа ќе покажат како магистратурата во Обединетото Кралство им помогнала во тоа.
Стипендијата овозможува целосна финансиска поддршка за идните лидери да се образуваат на едно годишни магистерски студии на било кој универзитет во Обединетото Кралство. Пријавувањето е на www.chevening.org/apply.
„Како што светот продолжува да се справува со глобалните предизвици како ковид-19 и климатските промени, меѓународната соработка е повеќе од потребна. Чивнинг се стреми да изгради меѓународна заедница на луѓе посветени на овие вредности, кои се стремат за позитивни промени. Ние ги зближуваме овие неверојатни лица од целиот свет и им овозможуваме по пат на едукација да ги остварат своите цели“, изјави Наоми Рејнер, одговорна за стипендии во британското Министерство за надворешни работи, комонвелт и развој.
Откако програмата била креирана во 1983 година, а преку 50.000 професионалци добиле можност да се развиваат во Обединетото Кралство преку Чивнинг. За учебната година 2022/2023 на глобално ниво ќе се доделат над 1500 Чивнинг стипендии.
„Чивнинг искуството е многу повеќе од магистратура. Како академски предизвик и исполнето универзитетско искуство, така и сплотувањето во британската култура заедно со соученици од целиот свет. Ние организираме ексклузивна програма на настани и активности, за да се запознаете со британското наследство и историја, дискутираме на тема меѓународна политика и имаме интеракција со лидери на бројни академски, културни и социјални настани“, изјави Данкан Баркер, директор на Чивнинг секретаријатот.
Британската амбасадорка во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј, ги охрабрува сите студенти без разлика на возраста, расата, полот, религија и културолошка позадина, кои имаат енергија, љубопитност, јасна визија за својата иднина и можност за остварување на нивните цели, да бидат дел од заедницата која брои преку 50. 000 членови ширум светот.
„Нашата Алумни мрежа е полна со динамични луѓе кои го споделуваат искуството што вие ќе го доживеете. Тие ќе овозможат охрабрување, менторство, совети и контакти. Кога ќе се вратите дома после студиите ќе се чувствувате подготвени да направите вистинска професионална разлика. Голема е придобивката од поднесувањето на апликацијата, затоа ако го поседуваш она што треба за да бидеш Чивнинг стипендист, ве охрабрувам да аплицирате пред крајниот рок 2 ноември“, вели Галовеј.
Повикот за нови апликанти следи по изборот на седум стипендисти од Република Северна Македонија, кои добија стипендија за магистратура на универзитет во Обединетото Кралство оваа година. Избраните кандидати ги сподеуваат своите приказни преку #ChosenForChevening хаштагот на Twitter Instagram и Facebook.
За детални информации и критериумите за аплицирање на www.chevening.org/scholarships.