×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две нови ленти за камиони на Табановце

    29.07.2022 17:57 | Сузана Николиќ

    На граничниот премин Табановце од денеска ќе се користат уште две ленти за товарните возила, откако превозниците се пожалија дека со денови се заглавени на царинскиот терминал, поради несоодветната инфраструктура. 

     

    Две нови ленти за камиони на Табановце

    „Една од забелешките дека една од лентите за Отворен Балкан не функционира, сакам да кажам дека тоа не смее да биде проблем. Значи ние направивме интензивни активности со МВР и со колегите од Србија и веќе овозможивме уште две нови ленти, кои досега беа на излез сега да се применуваат за влез во државата и со тоа двете ленти за товарни возила ќе бидат непречено во функција. Она што произлезе од денешниот состанок за во иднина е да воспоставиме сериозна електронска сигнализација на граничниот премин, со тоа во било кој момент било кога нема да има пополнетост на возила од одреден вид, електорнски да може да се изврши означување и самите возила да се преструктуираат“, кажа директорката на Царинската управа Славица Кутиров.

    Во моментот на Tабановце функционираат 10 ленти, две за товарни возила, една за автобуси и 7 за патнички возила. 

     Како што пишувавме вчера, возачите на камиони коишто чекаа да го поминат терминалот и царинската контрола кажуваат дека со саати стојат во место на пеколните температури, затоа што прво снемало струја, потоа паднал системот, а на крај се расипала вагата за мерење. Тоа придонело да се формира километарска колона од камиони.

    И возачите и претставниците на синдикатот, велат дека откако е воведен концептот на „едно застанување на граница” (One Stop Shop), иницијaтива во рамки на процесот Отворен Балкан, ништо не е сменето на подобро, бидејќи граничните премини немаат инфраструктура ни капцитет за да се примени она што е предвидено на хартија.