×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

    23.09.2021 19:49 | Сузана Николиќ

    Ќе се прават брзи антигенски тестови за ковид-19 кај учениците од основното и средното образование, најави министерот за здравство Венко Филипче.

    Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

    „Фактот што најголем дел од младите на таа возраст го поминуваат вирусот асимптоматски, упатува на потребата од вакво тестирање да се види реалниот број на заразени во училиштата и да се процени точно ризикот. Она што е важно дека засега состојбата во училиштата е стабилна, но ваквото тестирање ќе ни даде точни информации и сознанија за понатамошен менаџмент на пандемијата и обрзованието“, кажа министерот Филипче.

    Тој вели дека по почетокот на школската година се забележува очекуван раст на заразени меѓу учениците. 

    „Најголем дел од младите вирусот ковид-19 го поминуваат без симптоми, па според тоа истите се препознаени како трансмитери на вирусот. Засега, состојбата во училиштата е стабилна, но поради претпазливост и располагање со точни информации и сознанија во подготовка е методологија за спроведување на скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта. Тестирањата на учениците ќе се прават со брзи антигенски тестови“, најави Филипче.

    Тој воедно истакна дека дополнително ќе бидат презентирани сите детали околу начинот на спроведување на овој скрининг.