×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По 18 години 2 Август ќе се чествува во манастирот „Прохор Пчињски“

    31.07.2022 12:31 | Сузана Николиќ

    Претседателот Стево Пендаровски во вторник ќе ја предводи државнo-црковната делегација во манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година. 

    По 18 години 2 Август ќе се чествува во манастирот „Прохор Пчињски“

    По пауза од 18 години ова ќе биде прво одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во српскиот манастир.

    „По тој повод, претседателот Пендаровски оствари телефонски разговори со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј. Двајцата претседатели во разговорот се согласија дека релациите меѓу двете држави бележат одличен развој во повеќе области. Посетата на манастирот „Св. Прохор Пчински“, која се случува по речиси две децении е позитивен импулс за отворање на нови поглавја во меѓусебните релации. Во разговорот со г.г. Порфириј, претседателот Пендаровски се заблагодари на патријархот за одлуката да биде овозможена посетата на манастирот  која следува со прифаќањето на автокефалноста на МПЦ – ОА од страна на СПЦ“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

    Во состав на делегацијата што ќе ја предводи претседателот Пендаровски ќе бидат членови на Собранието и на Владата и претставници на МПЦ – Охридска Архиепископија.

    Во Меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце, на прославата ќе присуствува претседателот на Собранието Таљат Џафери.