×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерството за здравство ќе го набави единствениот лек против ковид „Молнупиравир“

    21.10.2021 14:02 | Жаклина Цветковска

    Министерството за здравство ќе го набави лекот Молнупиравир, кој засега е единствен лек против ковид-19.

    Министерството за здравство ќе го набави единствениот лек против ковид „Молнупиравир“

    Оттаму соопштуваат дека министерството проактивно стапило во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

    „Лекот „Молнупиравир“ е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид-19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат
    дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%“, соопштуваат од Mинистерството за здравство.

    Сепак, здравствените власти укажуваат дека лекот и вакцината против ковид-19 не може да се споредуваат.

    „Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Вирусот ковид-19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на SarsCoV2“, стои во соопштението.