×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавени листите со примени студенти во студентските домови, аплицирањето за бруцошите започнува од понеделник

    04.09.2021 08:41 | Сузана Николиќ

    Објавени се резултатите од конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година, а кои се оденсуваат за студентите од втора и повисоките години на студии и на запишани на додипломски студии,  информира Министерството за образование и наука (МОН.

    Објавени листите со примени студенти во студентските домови, аплицирањето за бруцошите започнува од понеделник

    Листите можат де се видат на следниот линк.

    Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до 10 септември 2021 година.

    Аплицирањето за студентите од прва година на студии започнува во понеделник и трае до 24 септември 2021 година. За бруцошите се предвидени 1249 места во студентските домови.

    „Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на следниот линк . Студентите кои ги исполнуваат условите пополнуваат електронска пријава и ја
    прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk , а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови, останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи сé до пополнување на истите, но најдоцна до 15.11.2021 година“, соопштуваат од МОН.