Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од денеска продолжува печатењето и издавањето лични карти, откако овој процес беше закочен повеќе од 2 месеци, па голем број на граѓани останаа без лични документи.
Владата на вчерашната седница одлучи да се донесе подзаконски акт за усогласување на Законот за лични карти со Законот за употреба на јазиците и на тој начин да продолжи издавањето лични карти.
„Соодветно на информацијата, Владата го задолжи Министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни активности за донесувањето на подзаконски пропис согласно овластувањето од Законот за лични карти и да го усогласи со одредбите од Законот за употреба на јазиците со што се овозможува непречено издавање на обрасците за барање за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање лична карта, образецот за личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот за водење на евиденцијата за издадени лични карти“, соопштува Владата.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека подзаконскиот пропис ќе биде објавен уште во текот на денешниот ден во „Службен весник“, и со тоа ќе се овозможи веднаш да започне печатењето и издавањето на личните карти на граѓаните согласно нивните поднесени барања.