Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Oд утре /среда/ почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи население во Центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите, информира Министерството за здравство.
„Заинтересираните граѓани од ризичните групи можат да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, а досега се веќе пријавени над 27 илјади граѓани. Во текот на вчерашниот ден преку Мој Термин се испратени над 12 илјади покани преку смс со известување за терминот и пунктот за вакцинирање“, соопштува Министерството за здравство.
Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета за постари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години.
Матичните лекари можат да ги пријават заинтересираните граѓани во системот за вакцинација.