×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со нов закон ќе се запленува имотот над 30 илјади евра без докажано потекло, најави Николовски

    22.09.2021 22:15 | Сузана Николиќ

    Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски кажа дека драфт верзијата на новиот Закон за потекло на имот е готова и со него се предвидува конфискација на имот над 30 илјади евра од претходната година ако сопствениците не можат да го докажат неговото потекло.

    Со нов закон ќе се запленува имотот над 30 илјади евра без докажано потекло, најави Николовски

    Законот, како што кажа Николовски, ќе важи за сите граѓани, не само за функционерите.

    „Овој закон преку граѓанска постапка за конфискација, која ја воведуваме, ќе важи за сите лица кои нема да можат во одреден законски период да го докажат потеклото на имотот. Значи ќе важи за сите лица, не само за функционерите. Постапката ќе биде граѓанска, брза, а не кривична и ќе има соодветен праг кој моментално во драфт верзијата е 30 илјади евра“, рече Николовски во обраќањето на конференцијата за детектирање и намалување на сивата економија, организирана од УНДП и Министерството за финансии.

    Николовски додаде дека драфт верзијата на законот ќе биде испратена до Венецијанската комисија.