×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата ќе воведе бесплатен државен интернет на јавни површини

    28.09.2021 16:02 | Сузана Николиќ

    Владата ја разгледа и усвои информацијата за обезбедување бесплатен државен интернет на отворени јавни површини, како дел од Програмата за работа на Владата.

    Владата ќе воведе бесплатен државен интернет на јавни површини

    „За реализација на оваа програма Владата утврди препорака за ЈП Национална радиодифузија - Скопје како носител на реализацијата на проектот обезбедување на бесплатен државен ви-фи на отворени јавни површини на локации од интерес за туристи од страна на телекомуникациски оператори до крајот на 2021 година во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи да подготви и достави предлог Листа на локации за обезбедување бесплатен државен ви-фи за цела територија на државата, за добивање согласност од Владата, согласно Препораките за обезбедување бесплатен државен би-фи на отворени јавни површини“, соопштува Владата.

    До крајот на април 2022 година, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации ќе одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен ви-фи на одобрените локации од интерес за туристите.